Промоција на програмата „Добар почеток“за поддршка на образованието на Ромите

Скопје, 27 октовмри 2010 (МИА) - Ромскиот едукативен фонд (РЕФ) од Будимпешта  денеска во Скопје ќе го промовира проектот „Добар почеток“, кој има за цел поддршка на образованието на Ромите и грижа за ромските деца од најмала возраст во соработка со институциите на државата.

Имплементацијата на програмата ја поддржа ЕУ со два милиони евра, а во текот на 22 месеци ќе бидат спроведени пилот проекти во вкупно 16 населби во четири земји – Македонија, Словачка, Романија и Унгарија.

Целта е до крајот на програмата да се постигне ефикасно и успешно вклучување и поддршка на повеќе од 4.000 мали деца и нивните семејства во четирите земји. Во Македонија, таа се спроведува од почетокот на учебната година, во пет населени места - три урбани и две рурални – во Шуто Оризари, Виница, Делчево, Тработивиште и Црник, соопшти РЕФ.

На свеченоста ќе се обратат министерот без ресор и национален координатор на Декадата за инклузија на Ромите и на Стратегијата за Ромите во Република Македонија Неждет Мустафа, претставници од РЕФ, како и градоначалаиците  од општините вклучени во проектот. 

Свои презентации ќе имаат и трите локални НВО-а кои ќе ги имплементираат планираните активности  - Националниот ромски центар од Куманово, Ромскиот образовен центар „Амбрела“ од Шуто Оризари и „Кхам“ од Делчево.

РЕФ со седиште во Будимпешта има за цел да го намали јазот во образованието меѓу Ромите и неромската популација преку образовни политики кои поддржуваат мерки за квалитетно образование на Ромите и нивна десегрегација во образовниот систем.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...