Фуере се извини...

за употребата на „државен“ наместо „македонски“ јазик во Извештајот на ЕК

Скопје, 10 ноември 2010 (МИА) - Евроамбасадорот Ерван Фуере денеска пред пратениците и дипломатскиот кор во Собранието на Република Македонија се извини за, како што рече,недоразбирањето поради употребата на терминот „државен“ наместо „македонски“ јазик во Извештајот на ЕК. Пратениците од владејачката партија на денешното претставување на овој документ изнесоа забелешки до Фуере и посочија дека ваквото однесување на Брисел е дискриминирачко и навредливо за граѓаните, и оти ја става Грција во подобра преговарачка позиција.

- Што се однесува до прашањето за јазикот што во Извештајот се ословува како државен јазик, јас морам да ви признаам дека ми беше ставено на знаење од страна на претседателот на државата. Ние се извинуваме за  какво било недоразбирање. Сакам да ве уверам дека апсолутно нема промена на политиката на Брисел. Доколку ме прашаат кој е јазикот на земјата, јас ќе кажам македонски јазик. Верувам дека ова недоразбирање е чисто недоразбирање. Ќе побарам од сите вас да имате предвид дека ние ги следиме упатствата на Обединетите нации, кога станува збор за ова прашање. Се ова јас го реферирам на Брисел кој што е целосно информиран за чувствителноста затоа што Брисел е местото каде што овој извештај се пишува, изјави Фуере.

ЕУ, додаде тој, не е инволвирана во менување на идентитетот на луѓето бидејќи тоа е во рамките на нејзините вредности. - Идентитетот не е нешто за што можеш да преговараш, тоа е нешто што е свето на секој еден поединец и нација и тој не смее да биде злоупотребуван за партиски политички интереси, додаде евроамбасадорот.

Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска, исто така, побара објаснување од евроамбасадорот Ерван Фуере зошто во Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија не е користен терминот „македонски“.

Европската комисија и Европскиот парламент досега во повеќе документи го користеле терминот „македонски“. Во Резолуција на Европарламентот во 2009 година на барање на Грција беше вметната фразата „јазикот на Поранешната југословенска Република Македонија“. По реакцијата  на повеќе нивоа, македонската страна успеа да се избори во финалниот документ да биде содржан терминот „македонски јазик“, повикувајќи се на праксата во ОН каде што јазикот е заведен како „македонски“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...