Македонија ќе биде пошумена со уште седум милиони дрвца

Скопје, 19 ноември 2010 (МИА) - Под мотото „Садиме заедно за нас“ денеска ќе се одржи шестата акција „Ден нa дрвото“ во која ќе бидат засадени седум милиони дрвца низ цела Македонија.

Иницијаторот на акцијата, маестро Борис Трајанов очекува голема излезеност, како и во претходните пет. Тој најави дека шестата акција е замислена како заедничко садење на децата и родителите.

- Прво беше повеќе семејно садење, па се вклучија и учениците. Сега се трудиме да ги собереме и семејствата и учениците  на заедничко садење. Со тоа ќе им дадеме можност на родителите да покажат на дело пред своите деца она за што зборуваат, дека и тие саделе во нивно време, вели Трајанов за МИА.

Семејното садење беше промовирано со делење флаери низ училиштата, а во кампањата помогна и „Токсикологија“ која ја направи песната „Садиме заедно за нас“.

- Ова е една огромна иницијатива, иницијатива која по излезеноста се гледа дека е многу популарна. Секаде се зборува за дрвцата, секој бара дрвца, секој засадува. Гледам дека парковите се се поубави, изјави Трајанов. Според него, садењето на дрвцата не е само љубов што ја имаме кон екологијата, туку и љубов кон Македонија и Балканот.

Трајанов информира дека експертски тим работи на десетгодишна стратегија за садење дрвца, со која, како што рече, ќе се знае кога и каде ќе се пошумува, на колкава површина и какви садници да се произведуваат за таму. Седумдесет отсто од садниците кои ги произведува Македонски шуми се листопадни. Причина за тоа, истакна тој, е површината што треба да се пошумува, а борот расте на голема надморска височина.

Ќе се сади покрај автопатиштата и езерата. Во Скопје ќе се сади на местото викано Три Круши кај Драчево и на повеќе локации кај Петровец, а Град Скопје со 200 ученици традиционално дрвца ќе сади на Водно.

Во оваа акција, како и во мартовската предвидена е повторно погранична соработка со соседните земји, а за наредната година учество најавија Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Словенија.

За помасовно учество во акцијата Владата го прогласи утрешниот ден за неработен, што ќе се одработи во сабота на 27 ноември.

Акцијата симболично почна во понеделникот со садење садници од страна на новинарите, потоа дрвца засадија и претставници на верските заедници, сопругите на претседателот на Република Македонија и на амбасадорите во државата, претставниците на дипломатскиот кор, а вчера со свое учество во раззеленувањето придонесе и министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски.

Дрвца денеска ќе засадат и претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, членови на Владата, пратеници, припадници на АРМ, ученици,...

Во досегашните пет акции беа засадени над 20 милиони садници.

Првата акција беше спроведена на 12 март 2008 година кога беа засадени два милиона дрва. На 28 октомври 2008 година беше организирана и втората со засадување шест милиони садници, на 14 март 2009 Македонија беше пошумена со уште пет милиони дрвца, а на 19 ноември минатата година беа засадени дополнителни 7,5 милиони садници. На 31 март во петтата акција се засадија приближно седум милиони дрвца.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...