Груевски го повика Црвенковски на фер избори во најкус можен рок

Скопје, 22 јануари 2011 (МИА) -  ВМРО-ДПМНЕ на синоќешниот Извршен комитет донесе одлука за брзи и неодложни парламентарни избори, соопшти денеска на прес-конференција лидерот на партијата и премиер Никола Груевски кој притоа го повика лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски достоинствено да ги прифати.

- Господине Црвенковски пет месеци упорно бараш избори. Ми фрлаш некакви ракавици, се закануваш со крв до колена иако довербата ја добив на легитимни и легални избори. Велиш дека сум ненародна власт. Избори имаш сега и веднаш, без одлагање, без купување време. Те повикувам на избори јасно и гласно. Доблесно е и достоинствено е да прифатиш, му се обрати Груевски на Црвенковски за кој рече дека веќе пет месеци блефира, додавајќи дека без трикови треба да се соочи со неговиот блеф.

Осврнувајќи се на народната поговорка „Ако сакаш нешто да направиш ќе го направиш веднаш, а ако не сакаш ќе пробаш да најдеш илјада причини за да се обидеш тоа да го избегнеш, Груевски му порача на Црвенковски да не бара причини за да не излезе на избори.

- Господине Црвенковски, знам дека си исплашен, дека бараш илјада причини за да не се соочиш со својот страв, да не излезеш на избори. Стравот е лоша работа, деконцентрира и тогаш не можеш да носиш вистински одлуки. Исплашен човек е немоќен човек. Те разбирам, знаеш дека народот нема доверба во тебе. Ти безброј пати го излажа. Твоите финти се прочитани и немаш ниту едно дело оставено зад себе. Не ти веруваат и не те поддржуваат. Затоа ти требаат полни сали луѓе да ти држат страв. Затоа ти требаат зурли и тапани на прес-конференции, затоа организираш свирки по улици и носиш луѓе да ти аплаудираат кога даваш интервјуа за да те охрабрат, да ти ја сменат вистината, да ти направат илузија во која не веруваш ниту самиот. Доволно е само еден поглед на твојата прес-конференција за да се види дека ниту знаеш, ниту можеш, му одговори Груевски на Црвенковски.

Премиерот истакна дека тоа не е негов стил на настапување, да зборува во финти, а да не работи. - Мој стил е да работам, да напишам програма со конкретни рокови и конкретни проекти и дела, да им понудам на граѓаните чист политички производ. Да ветам дека програмата ќе ја исполнам и ветеното да го исполнам. Немам потреба да донесам луѓе кои ќе ме храбрат. Доволно сум сигурен во себе. Никогаш не сум излажал пред граѓаните. Макотрпно работам за да ги надополнам годините кои ти на сите нас ни ги прокоцка. Работам за народот и за татковината и тоа така ќе биде секогаш, истакна Груевски.

Тој нагласи дека изборите мора да бидат фер и оти нема да дозволи граѓаните и Македонија да бидат заложници на личните амбиции и интереси на Црвенковски.

- Не смеам да дозволам поради твоите погрешни одлуки Република Македонија да трпи политичка штета по својот углед, рече Груевски, додавајќи дека изборите кои следат не смеат да зависат од волјата на Црвенковски, од неговата оценка дали ќе бидат фер или не. Тие мора да бидат фер избори, дециден е Груевски. Тој истакна дека ќе биде побарана широка меѓународна поддршка која ќе ја потврди регуларноста и легалноста на изборите во кои, како што рече, сме убедени дека ќе бидат фер и демократски.

На новинарско прашање дали ќе се распишат избори доколку СДСМ бојкотира, премиерот Груевски повтори дека државата не смее да биде заложник на едно лице.

Одговарајќи на прашањето кога би можеле да бидат изборите, тој подвлече оти тоа би било во рамки на Уставот каде се предвидува да не е подолго од 60 дена од распуштање на Собранието.

ВМРО - ДПМНЕ укажува дека од барањата на СДСМ релевантни за избори може да биде прифатено, доколку се вратат во Собранието, да се усвојат предлозите од ОБСЕ и евентуално да се доуреди делот за непречено гласање на дијаспората.

Груевски информира дека ВМРО - ДПМНЕ е подготвена и да се формира парламетнарна комисија, во која ќе влезат и претставници на опозицијата и за неколку дена, максимално една недела, посочи лидерот на партијата, да ги завршат проверките за избирачкиот список. За тоа, ВМРО - ДПМНЕ е отворено за присуство и за претставници на ОБСЕ и на сите оние за кои СДСМ смета дека е потребно. Во една таква комисија, членови од ВМРО - ДПМНЕ би биле Силвана Бонева и Илија Димовски.

- Ако не одговори позитивно на оваа понуда, ќе сметаме дека СДСМ прави се за да одбегне избори, но истовремено правејќи и штета на државата, потенцира претседателот на ВМРО ДПМНЕ и премиер Груевски.

Во врска со барањата за деблокада на сметката на фирмите од случајот „Пајажина“ и на Законот за медиуми, на СДСМ му порача дека не постои закон во ниту една земја во светот во која се врши подеднаква рамномерна распределба на средствата на националните медиуми, како што предлага. Груевски истакна дека Владата и владините институции се подготвени да ги стопираат сите јавни информативни кампањи доколку СДСМ денеска или утре се врати во Собранието и за неколку дена, но најдоцна за една недела, заеднички да изгласаат предвремени парламентарни избори.

Оваа понуда, смета Груевски, на СДСМ му овозможува да нема никакви последици од немањето закон каков што бараат тие, а ако се толку сигурни дека ќе победат, рече, да одиме на избори, па ако победат нека донесат и таков закон.

Уште еднаш повтори дека одлуките за блокада или деблокада на сметката на фирмите од „Пајажина“ ги носи исклучиво и самостојно само надлежен суд.

- Вчера дознавме дека кога Црвенковски бил премиер по телефон ги диктирал пресудите на судот. Тоа е катастрофално и крајно поразително признание за државата од долгогодишен премиер, кој претендира пак да биде премиер и повторно да диктира пресуди по телефон, рече Греувски и додаде оти и поранешниот министер за финансии Никола Поповски јавно призна дека иако СДСМ имал доволно диокази за криминал во фирмите од „Пајажина“ на највисоко ниво имало политичка одлука тој криминал да се толерира и да не се даде пред суд.

Ова покажува дека врвот на СДСМ, додаде, знаел за можниот криминал и свесно го толерирал или пак бил соучесник или партнер. - Од тука станува многу појасна денешната улога на СДСМ во заштита на фирмите и лицата од случајот „Пајажина“, оцени лидерот на ВМРО - ДПМНЕ и потсети дека во минатото беше редовна пракса амнестија на лица осудени за криминал од страна на Црвенковски, тргнувајќи од случајот Верушевски, завршувајќи со амнестијата на Зоран Заев.

ВМРО - ДПМНЕ му порача на Црвенковски ако е навистина уверен дека ќе ги добие изборите и народот масовно ќе го поддржи, нека ги прифати веднаш и тогаш нека ја смени одлуката за „Пајажина“.

ВМРО - ДПМНЕ предлага со враќањето на СДСМ во Собранието да се направи брза измена на Законот за Судски совет, со кој ќе се предвиди министерот за правда да нема право на глас во Советот.

Актуелниот Изборен закон, изменет и дополнет во декември 2008 година, беше основа за претседателските и локалните избори за кои, потсетуваат, добивме позитивни меѓународни заклучоци.

За претседател на Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ повторно е избран Мартин Протогер.

Ставот на коалициската ДУИ, информира Груевски, е идентичен со ставот на ВМРО- ДПМНЕ, а партиите се во тековни консултации.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...