Триесет дена притвор за Љубе Бошкоски

Скопје, 7 јуни 2011 (МИА) - Истражeн судија од Основниот суд Скопје 1 по неколкучасовен распит синоќа му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошковски, кој вчера попладне беше уапсен под сомнение за незаконско финансирање на предизборната кампања и злоупотреба на службената должност.

По одредувањето на мерката притвор, Бошкоски беше префрлен во истражниот затвор во Шутка.

Адвокатот на Бошковски, Љубомир Михајловски, по распитот потврди дека тој е осомничен за двете наведени дела. - Целата ситуација е многу конфузна, со детали ќе излеземе наредната недела, најави Михајловски.

Бошкоски беше приведен вчера околу 14.30 часот пред ресторанот „Воденица“, а при извршениот претрес, според МВР, кај него се пронајдени 100.000 евра и пиштол.

Полицискиот портпарол Иво Котевски изјави дека Бошкоски во текот на кампањата уште во два наврати примал пари од трето лице, чиј идентитет не се открива. Министерството за внатрешни работи го следело и прислушувало Бошкоски во изминатите два месеца.

Во придружба на припадници на Единицата за брзо распоредување лидерот на Обединети за Македонија од полициската станица - Гази Баба беше однесен на паркингот пред ресторанот „Воденица“ каде се изврши претрес на возилото марка „Ланчиа“ кое е во негова сопственост.

Пред Основниот суд 1 и претходно пред полициската станица во скопската населба Автокоманда, за поддршка на Бошкоски беа присутни членовите на неговото семејство, поголем број членови на Обединети за Македонија и негови симпатизери.

Како што објавија некои од медиумите, две лица, најверојатно поддржувачи на Бошкоски, се приведени кај Основниот Суд 1 по караница со полицијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...