Спорот е бизарен, Грција не трпи никаква штета од името Република Македонија

- Грција нема никаква штета на внатрешен или надворешен план, во текот на изминатите 20 години од страна на Македонија поради употребата на нејзиното вистинско име, а најдобро решение е Атина да го прифати, согласно меѓународното право, името Република Македонија, оценува Робин О’ Нил првиот медијатор во грчко-македонскиот спор за името.

- Владите на Македонија и Грција, со помош на посредникот Метју Нимиц може да најдат ново име за Македонија прифатливо за секоја од страните, меѓутоа, моето мислење е дека целиот овој спор создаден од страна на Владата на Грција е бизарен, вели О’Нил во интервју за емисијата „Порта“ на МТВ.

На пресудата на Меѓународниот суд на правдата тој гледа како на најзначаен развој во спорот за името од 1995 година, кога е склучена Времената спогодба.

- Времената спогодба создаде услови за напредок во односите помеѓу Македонија и Грција за време на периодот додека се бараше решение во врска со прашањето за името. Во неа, името Поранешна Југословенска Република Македонија (ПЈРМ) беше прогласено само како привремено име на државата, и Грција прифати дека додека не се пронајде решение за тоа прашање нема да се противи Македонија да се приклучи во меѓународни организации доколку го користи привременото име, вели О’Нил.

Според него, одбивањето на грчките власти подоцна да ги почитуваат условите на договорот, кој беше потпишан од нивна страна, го направи невозможен напредокот во решавањето на ова прашање во изминатите 17 години. Меѓународниот суд сега, вели, јасно стави до знаење дека Грција мора да го почитува она на што се обврзала и да не приговара за тоа Македонија да се приклучи, на пример, во НАТО или ЕУ, се додека тоа го прави под името ПЈРМ. Бидејќи тоа име е само привремено, Македонија нема да изгуби ништо со користење на привременото име при аплицирањето за членство во овие организации па дури и во приклучувањето кон нив.

Тој со сугестија до Владата на Македонија веднаш да аплицира за членство во НАТО и ЕУ како ПЈРМ и да ги потсети сите други членки дека Грција се обврзала да не приговара за време на тие активности доколку Македонија го користи привременото име.

- Всушност, мојот став е дека Грција е спречена од страна на Времената спогодба да истакне каков било приговор во врска со некоја апликација од страна на Македонија за влез во НАТО или преговори за членство во ЕУ, и доколку е потребно другите членки на двете организации треба да изјават дека нема да толерираат никаков обид од страна на Грција да го попречи влезот на Македонија во тие организации доколку како аргумент го користи спорот за името, вели О’ Нил.



Инаку, и самиот тој вели дека никогаш не верувал оти концептот за компромис може да се примени на грчко-македонскиот спор.

- Според меѓународниот закон, секоја држава има право да користи име според својот сопствен избор. Ниту една држава нема право да диктира кое име треба да користи друга држава, посочува британскиот дипломат.



Тој оценува дека интерес на членките на ЕУ е мирен и хармоничен однос на балканските простори, а тоа значи прием на сите држави кои ги исполнуваат условите за членство. Го дели ставот на премиерот Никола Груевски дека преговорите за членство на Македонија треба да започнат пред крајот на 2012 година, а се надева, вели, дека тоа и ќе се случи.

- На апликацијата од страна на Македонија треба да се гледа на ист начин како на онаа на Србија, и јас самиот ќе побарам сите членки на Европската унија да не ја прифаќаат Србија како кандидат за членка, доколку на Македонија не и биде одреден датум за преговори за членство во исто време, потенцира Робин О’Нил.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговараат двајца пријатели:
- Пази што се случи, жена ми додека беше трудна ја читаше "Тројцата мускетари" и кога се породи завчера ми роди тројка.
- Ај ја фаќам магла, мојана...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини...
Верски календар
На денешен ден
- Ден на пожарникарството во Република...
1498.- Португалскиот морепловец Васко де Гама...
1506.- Умре шпанскиот морепловец од италијанско...
1799.- Во Тур е роден францускиот писател Оноре...