Писмото од конгресмените до Обама важно, но...

за прием во НАТО е неопходен консензус и решавање на името

Скопје, 3 април 2012 (МИА) - Американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс денеска го оцени како важно писмото што 54 конгресмени го испратија до претседателот Барак Обама во кое бараат да осигури прием на Македонија во НАТО на Самитот во Чикаго, но повтори оти и покрај поддршката од САД, неопходен е консензус од сите земји членки што во моментов е оневозможено од нерешеното прашање за името.

- Ни веќе сме кажале дека никој не сака повеќе од Америка и од претседателот Обама, Македонија да влезе во НАТО. Ние го поддржуваме македонското членство во Алијансата, но НАТО е организација чија политика се базира на консензус. Мора да постои консензус за секој нов член на НАТО. Моментално постои проблем, односно прашањето за името, кое претставува проблем за влезот на Македонија во НАТО, изјави Волерс по средбата со градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски.

Волерс истакна дека САД нудат помош во процесот, но оти сепак прашањето за името треба да го решат Македонија и Грција.

- Сигурен сум дека штом прашањето ќе биде решено, Македонија веднаш ќе стане член на НАТО. Ќе сториме се што треба да помогнеме во процесот, но тешко е да се предвиди што може да се случи пред Самитот во Чикаго. Порано или подоцна Македонија ќе влезе во НАТО и ние ќе бидеме многу среќни кога ќе се случи тоа, изјави американскиот амбасадор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Ало, Министерство за финансии ми треба.
- Грешка сте, тука е Министерство за развој.
- Ништо, и на вас да ви ебам мајката.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1844.- Умре Џон Далтон, англиски хемичар и...
1880.- Во Каиро умре иранскиот шах во бегалство...
1981.- Почна со работа новата Железничка станица...
1992.- Во Скопје, во чест на започнувањето на...