Во Чикаго нема прием на нови членки

Вашингтон, 10 мај 2012 (МИА) - Американскиот помошник државен секретар Филип Гордон, денеска пред американскиот Сенат, потврди дека на самитот на НАТО во Чикаго нема да биде донесена одлука за прием на нови членки. На панел дискусијата посветена на НАТО и самитот во Чикаго, во комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат, на прашање на сенаторите, Гордон додаде дека причината што нема проширување е неподготвеноста на дел од земјите кандидати, или немањето консензус за проширување меѓу земјите членки на НАТО. 

Помошникот државен секретар на САД прецизираше дека, според Вашингтон, Република Македонија ги исполнува критериумите и е подготвена за членство во НАТО, но дека останува да се надмине спорот со Република Грција.

Гордон ги наведе Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Грузија како земји кандидатки за членство, велејќи дека на самитот во Чикаго НАТО сака да испрати јасна порака дека Алијансата останува отворена за нови членки во иднината.

- На самитот во Чикаго ќе испратиме јасна порака дека НАТО останува отворен за сите европски демократски држави кои се подготвени и способни да ги преземат обврските на членството. Што се однесува конкретно до Македонија, таа ги исполни клучните критериуми за членство во НАТО. САД остануваат вклучени и го поддржуваат процесот на разговори за надминување на спорот за името, воден од страна на амбасадорот Метју Нимиц. Постигнувањето договор меѓу Грција и Македонија ќе овозможи да се исполни поканата за Македонија за членство во НАТО, изјави помошникот државен секретар Гордон.

Бен Кордин, сенатор на Демократската партија од Мериленд, го отвори прашањето како САД планираат да го одржат темпото на демократски реформи во Европа доколку можноста за членство во НАТО и во Европската Унија стане далечна. Кордин изјави дека на средба со генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмунсен бил информиран дека во Чикаго нема да има проширување на НАТО и тоа го нарече демотивирачки фактор и разочарување за Македонија, Црна Гора, Босна и Грузија.

- Видовме дека реформите, одржувањето на нивото на средства за одбраната, демократските промени во државите, честопати не се многу популарни во земјите кои ги спроведуваат. Но, земјите продолжуваат да ги спроведуваат реформите затоа што гледаат јасен пат кон интеграција. Што ќе се случи доколку патот кон интегрирањето стане многу заобиколен? Ние треба да ги поттикнуваме европските држави да бараат членство во НАТО, изјави Кардин. Индиректно посочувајќи на изборите во Грција, сенаторот рече дека европските држави во последно време се однесуваат неодговорно.

Помошникот секретар Гордон одговори дека, иако на самитот во Чикаго нема да има проширување, тоа не значи дека НАТО ја затвора вратата за земјите кои сакаат да станат членки.

- Историски гледано, проширувањето беше добро за НАТО и за САД и за Европа. На средбата со Расмунсен изјавивме дека ова нема да биде самит за проширување, но нема да биде ниту самит по кој НАТО ќе се повлече од политиката на проширување. Во овој миг, нема ниту една држава - кандидат која е подготвена за членство, и притоа да има консензуална поддршка од членките на НАТО за членство, изјави помошник државен секретар Гордон.

Државниот секретар Клинтон, додаде тој, ќе учествува на средба на министрите за надворешни работи на НАТО на која ќе присуствуваат и министрите од четирите земји кандидатки, со цел да им каже дека вратата на НАТО останува отворена и дека овие земји ќе влезат во НАТО. Гордон рече дека има земји во НАТО кои не се расположени дури ни за испраќање на позитивната порака за натамошно проширување на Алијансата, и дека понекогаш САД мораат да убедуваат држави-членки за оваа порака да биде испратена, но не наведе на кои држави мисли.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Новиот клиент го прашува адвокатот Трпе.
- Колку наплаќаш за услугите?
- 100 евра за три прашања.
- А бе, не е тоа малку скапо?
- Скапо е, ама тоа е. И, кое е твоето трето...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1926.- Во Лос Анџелес е родена Норма Џин...
1953.- Во Женева е основана Европската...
1974.- Умре Хуан Перон, аргентински политичар и...
1992.- Во Скопје е поставен камен - темелникот...