Момче од тетовското село Брвеница заврши во болница со тешки повреди откако во педалинката на која се сончал на Охридското Езеро удрил скутер. Настанот се случил во близина на градската плажа во Струга.

Момчето се здобило со расекотини на раката, а му биле повредени тетивите и крвните садови. Веднаш било префрлено во Ургентниот центар во Скопје.
По инцидентот несовесниот скутерџија побегнал, а полицијата се уште трага по него.