Што ќе разговараат Бесими и Аврамопулос ?

Во пресрет на утрешната средба на вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесми со шефот на грчката дипломатија Димитрис Аврамопулос, во грчките медиуми и меѓу грчкиот државен врв владее релативен молк. Отсуството на вообичаените анализи, предвидувања и очекувања за средбата е веројатно последица на фактот што и кај јужниот сосед веќе неколку денови се празнува големиот христијански празник Велигден, јавува дописникот на Нетпрес од Атина.

Она што со сигурност може да се потврди пред средбата на Бесими со Аврамопулос е дека за Атина последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц е неприфатлив. Оваа информација грчки владини и дипломатски извори неколку пати ја потврдија за грчките медиуми, а слична порака упати и портпаролот на грчкото МНР Грегорис Делавекурас. Според грчките медиуми, тактиката на Атина ќе биде наместо категорично отфрлање на предлогот, да бараат тој да претрпи што е можно пошироки промени. Според весникот "Етнос", медијаторот Нимиц конечен одговор од македонската и грчката страна ќе побарал на почетокот на јуни, пред самитот на Европската Унија.

Во меѓувреме, грчките медиуми во детали ги пренесуваат сите изјави и потези на македонската страна.

Последна пренесена изјава беше онаа на шефот на кабинетот на Ахмети, Артан Груби, во која што тој тврди дека нема разлика меѓу ставовите на коалициските партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во однос на прашањето за името.

Претходно, грчките медиуми го пренесоа и соопштението на ВМРО-ДПМНЕ што следеше по колумната на Ахмети, во која тој повика на брзо решавање на проблемот што Атина го има со нашето уставно име, што според него би овозможило членство во НАТО.

На ова веднаш реагираа од ВМРО-ДПМНЕ со порака дека за Македонија е важно брзото зачленување во НАТО, но дека за македонскиот народ е подеднакво важно задржувањето на идентитетот, јазикот, националноста и името на земјата.

“Борбата на македонскиот народ за сопствениот идентитет, државност и самостојност, како и проблемите што Грција ги прави по ова прашање датираат уште од пред повеќе од 170 години, поминувајќи повеќе премрежиња, етапи, притисоци, крвопролевања, уништувања, прогони, присилни раселувања, нарушувања на човековите права и обид за уништување, односно бришење на македонската нација. Овие обиди продолжија и последниве 23 години откако Р. Македонија доби самостојност како држава. Во тие обиди, кои постоеја многу долго пред да се основа НАТО, македонскиот народ даде голема жртва и со загубени животи и со многу маки и малтретирања на Македонците”, се велеше во соопштението на владејачката партија, пренесено и во грчките медиуми.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека по толку многу години борба, не планираат да се предадат, прифаќајќи уцени и диктати од страна на Грција, ниту закани од било кого.

“Нашата борба за македонското прашање е неотповиклива, неприкосновена и безалтренативна и нема цена која што ќе не натера да отстапиме од тоа”, порачаа од партијата на премиерот Груевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Новиот клиент го прашува адвокатот Трпе.
- Колку наплаќаш за услугите?
- 100 евра за три прашања.
- А бе, не е тоа малку скапо?
- Скапо е, ама тоа е. И, кое е твоето трето...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1926.- Во Лос Анџелес е родена Норма Џин...
1953.- Во Женева е основана Европската...
1974.- Умре Хуан Перон, аргентински политичар и...
1992.- Во Скопје е поставен камен - темелникот...