Грција ја повика Македонија да прифати географска одредница

Атина, 9 мај 2013 (МИА) – Официјална Атина испрати јасна порака до Скопје на вчерашната средба меѓу министерот за надворешни работи Димитрис Аврамопулос и заменик претседателот на македонската Влада задолжен за европски прашања  Фатмир Бесими, јавија сите грчки медиуми.

„Аврамопулос: ќе прифатиме име со јасна географска одредница“ е насловот во речиси сите грчки медиуми кои заклучуваат дека решавањето на прашањето за името е услов за Македонија да ги почне пристапните преговори со ЕУ.

„Аврамопулос испрати моќна порака до Македонија по неговиот состанок со вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, истакнувајќи дека добрососедските односи и решавањето на спорот за името се услови за евро-атлантскиот курс на Македонија“, коментира државната телевизија ЕРТ.

Не отстапувајќи од досегашната пракса, официјална Атина и овој пат искористи да ја нагласи нејзината „конструктивност“ истакнувајќи дека „Грција отсекогаш била мост меѓу сите нејзини соседи и Европа“ и оти „тоа се гледало во нејзиниот цврст став и играњето витална, стабилизирачка улога“.

На грчката јавност и е пренесена и констатацијата на Аврамопулос дека „фактот што постојат проблеми не значи дека не разговараме за работите“. 

- Напротив: ваквите средби се особено корисни и конструктивни, бидејќи тие обликуваат, создаваат, консолидираат клима, атмосфера на доверба во нашите односи, изјави Аврамопулос потсетувајќи дека се има сретнато со Бесими кога двајцата беа министри за одбрана.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, никој во Грција во овој контекст не се праша за кои средби зборува нивниот министер, ниту некој ги спомена поканите од страна на македонскиот државен врв за средби со грчките функционери, кои останаа неодговорени или одбиени. Само пред четири месеци Аврамопулос ја одби поканата на еврокомесарот Штефан Филе за трилатерална средба со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Знаете ли зошто статуата на слободата во Њујорк е жена?
-Им требало празна глава за да направат ресторант!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1215.- Англискиот крал Џон ја потпиша Големата...
1752.- Бенџамин Франклин, американски физичар и...
1843.- Во Берген е роден Едвард Григ, норвешки...
1873.- Германскиот археолог-аматер Харнјих...