Граѓаните се собираат да се уверат дека Жерновски нема да ги прелаже

Голем број на граѓаните денеска се собираат пред општина Центар каде се очекува да се одржи нова седница на Советот на општина Центар. Од граѓанското здружение „Веритас“ кое ги организираше протестите минатата недела велат дека денеска повторно се собрани за да се уверат дека градоначалникот на Центар Андреј Жерновски ќе си го одржи зборот и од дневен ред ќе се тргне точката која се однесува на ДУП-от од кој што е дел и црквата „Св. Константин и Елена“.

„Денеска сме собрани за да видиме дали Жерновски ќе си го одржи зборот и ќе ја тргне црква од ДУП-от и дека потоа објектот нема да биде прогласен за нелегален и да биде срушен. Се собравме симболично за да го видиме акт со кој црквата ќе биде тргната од дневниот ред. Дојдовме тука затоа што денеска тешко се верува на чесен збор, а уште помалку му верувам на Жерновски“, вели Соња Зашовска од граѓанското здружение „Веритас“.

Таа ги демантираше обвинувањата од Жерновски дека протестите ги организираат истите луѓе кои ја градат црквата. Зашовска вели дека на протестите се собрале верници од православна, но и од муслиманска и другите вери бидејќи, како што вели таа, ако денеска се удира по христијанството, утре може ќе се удри и по исламот.

Седницата на Советот на општина Центар ќе се одржи во еден часот. Жерновски во петокот вети дека црквата нема да се руши и дека ќе се продолжи со нејзина градба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
По оперативниот зафат, лекарот доаѓа да ја посети славната пациентка, а таа веднаш го прашува:

- Докторе, што мислите како сум?
- Добро, добро, те. супер!
- А што мислите -...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1624.- Роден е полскиот крал Јан Трети Собјески,...
1584.- Католичките држави во рамките на светото...
1740.- Роден е францускиот писател Донасјен...
1789.- По донесувањето на американскиот Устав со...