Deutsche Welle

Жерновски и г.г. Стефан ќе ги смируваат тензиите

По бурната ноќ во општинските бараки, градоначалникот на општина Центар ќе се сретне со Архиепископот на МПЦ, г.г. Стефан. Советот заседаваше до утринава, но не донесе одлука околу измени на деталниот урбанистички план.

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски денеска (11.06)лично ќе го уверува Архиепископот на Македонската Православна Црква, г.г. Стефан дека нема какви било планови за запирање или уривање на црквата Свети Константин и Елена. Откако до раните утрински часови во општината под силно полициско обезбедување заседаваше советот по точките од усвоениот дневен ред, Жерновски денеска лично на средба со Архиепископот ќе се обиде да ги смири тензиите:

„Градоначалникот Жерновски лично ќе му пренесе на г.г. Стефан дека нема какви било намери ниту пак планови за уривање на црквата. Тој со полна одговорност тврди дека сите проекти што се започнати во општина Центар, меѓу кои е и црквата Свети Константин и Елена ќе бидат завршени, а оние што се планирани, но не и започнати со градење, ќе се запрат и ќе бидат предмет на ревизија. Најодговорно, не постојат такви намери, а зад сето ова што се случуваше вчера и во изминативе денови пред општината стојат задкулисни игри и изманипулирани граѓани што не само што не се жители на општина Центар, туку добар дел од нив не се ниту од главниот град“, изјавија за Дојче веле доцна синоќа од кабинетот на Жерновски.



Црквата Свети Константин и Елена е во изградба

Партиски диригирани протести

Пред и околу општината од синоќа е мирно. Искршените прозорци на бараките, пожолтени од стотици фрлени јајца, сведочат за вчерашните протести на револтираните граѓани кои само благодарение на интервенцијата на полицијата не прераснаа во посериозни инциденти. Освен материјална штета, во налетот на револтираната маса полесно беа повредени и две лица. Експертите се загрижени и предупредуваат од евентуални несакани последици доколку не дојде до смирување на страстите. Начинот на кој се одвиваа протестите, според социологот Илија Ацески, повеќе наликува на партиски диригиран собир, отколку спонтано собрана маса на луѓе во знак на револт:

„Овде не можам да препознаам спонтаност, граѓани кои се собрале да протестираат не се агресивни и не знам дали тие кршат, а и полицијата не може да реагира на начинот на кој што постапи. Мислам дека она што ни се случува се појави кои се длабоко партиски диригирани. Посебно во последниве години партиите ја преземаа улогата на граѓанското општество, што сметам дека е погубно за демократијата. Нема граѓани, туку само партиски поданици. Мислам дека влегуваме во една фаза во која е многу тешко неутрално да се разберат критиките насочени кон ваквите појави. Овде партиите изигруваат невладини организации, тоа има потоа своја цена која може да биде страшна. Режијата е многу опасна, ако се знае дека Жерновски вели дека нема да руши, туку само сака да направи ревизија на некои од плановите. Како што можам да забележам, тој само сака да даде до знаење дека работите повеќе не можат да се прават на начин како што се правеле досега и дека сега некој друг владее. Непотребно во целата работа се вмешаа и попови, фрчат анатеми, тоа не е нивна работа“, предупредува Ацески.



Граѓанска иницијатива или партиска?

Нема причина за приведувања

Од МВР велат дека засега немало потреба за посериозни интервенции и приведување на лица:

„Нема повредени, а засега нема ниту еден приведен. Ние го осудуваме насилството, но не можеме да забраниме јавен собир за изразување на револт. Доколку добиеме пријава ќе постапиме по неа, но досега немаме регистрирано посериозен инцидент“, изјави за Дојче веле портпаролот на МВР Иво Котевски.

Протестите на граѓаните предводени од граѓанската иницијатива Веритас бараат да се повлече расправата околу предлогот за укинување на деталниот урбанистички план за „Малиот ринг“ во кој е предвидена и изградбата на црквата што беше и причина за протестите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...