Осомничените во „Шпион“ пред истражен судија

се уште се трага по тројца

Скопје, 17 септември 2013 (МИА) - Приведените 17 лица во полициската акција „Шпион“, осомничени за шпионажа, злосторничко здружување, уцена и измама, рано утрово со доказен материјал се изведени пред истражен судија.

Како што информираат од МВР, се уште се трага по тројца осомничени, од вкупно 22.

Се очекува во текот на денот МВР на прес - конференција да соопшти повеќе детали околу акцијата „Шпион“.

Во рамки на полициската акција „Шпион“ која течела во изминатите две години, беа приведени 17 лица. Од осомничените двајца веќе издржуваат казна затвор по друга основа.

Извршени се претреси во домовите на осомничените, при што се одземени голем број компјутери, 27 лап-топови, досиеја, 32 мобилни телефони, мемориски картички, 16 парчиња огнено оружје, УСБ-стикови, обемна документација и други видови документи.

Според портпаролот Иво Котевски, најверојатно се работи за прв случај на шпионажа не само во Република Македонија, туку и во регионот.

Осомничените, според првичните информации, соработувале со странски безбедносни служби, оддавале државни тајни и класифицирани информации со различен степен.

Работеле и со уцени и измами, а дел од осомничените обезбедувале податоци за лица од јавниот живот и бизнис-заедницата и со закани изнудувале пари.

Од притворените има вработени двајца во Агенцијата за разузнавање, еден во Собранието, актуелни и поранешни вработени во МВР, во одбраната, Државниот архив, Управата за финансиско разузнавање, но и сопственици и вработени во приватни фирми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Стара брачна двојка решила да прослави втор меден месец во истиот хотел како и првиот пат. Пред да ја почнат онаа работа, мажот оди во тоалет, исто како пред многу години и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
12 мај 2013 (МИА)
- Денеска е Светски ден на медицинските сестри....
1707.- Роден е Карл фон Лине, шведски...
1842.- Во Сент Етјен е роден Жил Масне,...
1845.- Во Бон умре Август Вилхелм Шлегел,...