ФОТО: Се преврте автобус на ЈСП 49 повредени (обновено)

Скопје, 23 септември 2014 (МИА) - Автобус број 67 на Јавното сообраќајно претпријатие-Скопје кој сообраќал на линијата од Транспортен Центар - Зелениково утрово во 6:10 часот се превртел на ул. „Драчевска“, при што има неколкумина повредени патници.

Како што за МИА информираа од СВР-Скопје увидот е во тек, а повредените патници се пренесени во Ургентниот центар, Градската општа болница „Наум Охридски“ и  во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Според првичните информации, соопшти ЈСП-Скопје, нема потешко повредени патници.

Од дежурната служба на Градската општа болница за МИА само потврдија дека во тек е прегледот на повредените патници, но не прецизираа за колкав број се работи и за тоа дали се потешко или полесно повредени.

Четириесет и девет лица се полесно повредени при денешното превртување на автобус број 67 на ЈСП Скопје на влезот во Драчево.

Повредените се пренесени во Ургентниот центар, ГОБ „8 Септември“ и Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“, а поголемиот број од нив се пуштени на домашно лекување.

Од вкупно 30 пациенти со контузии по телото кои се донесени во Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ и на кои им се направени потребните снимања и испитувања, 28 се пуштени на домашно лекување. Една жена со контузија на главата е задржана на Одделението за невротраума, а еден маж со фрактура на лумбален слабински пршлен е примен на Одделението за трауматологија, информираат за МИА од таа јавна здравствена установа. Двајцата пациенти се во добра општа состојба, но поради претпазливост се задржани на лекување.

Директорот на Клиниката за ТОАРУ и Ургентен центар, Реџеп Селмани изјави дека во Ургентниот центар се донесени 14 повредени од кои осум мажи и шест жени на возраст од 30 до 60 години.

- Сите повредени се навреме дијагностицирани и се со полесни повреди освен едно лице со скршеница на нос и со рана на глава. Сите други пациенти се испратени на домашно лекување, додаде Селмани.

Во ГОБ „8 Септември“ се донесени пет лица со набиеници на меки ткива и без скршеници кои се пуштени на домашно лекување.

Автобус број 67 на Јавното сообраќајно претпријатие-Скопје кој сообраќаа на линијата од Транспортен Центар - Зелениково се преврте изутрината во 6:10 часот на ул. „Драчевска“. Екипи на СВР-Скопје вршат увид на местото на настанот и ги утврдат причините за несреќата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Како чука срцето на една плавуша.
- Тупа-глупа, тупа-глупа, тупа-глупа...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1562. - Во Мадрид е роден Феликс Лопе де Вега,...
1758.- Британците го окупираа Сенегал.
1763.- Умре францускиот писател Прево, познат по...
1783.- Последните британски војници го напуштија...