Приведен осомничениот за тројното убиство во Кавадарци

Скопје 11 ноември 2014 (МИА) - Полицијата претпладнево го приведе осомничениот за завчерашното тројно убиство во Кавадарци, потврди министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. 

- По однос на тројното убиство во Кавадарци, МВР со целиот свој капацитет преземаше мерки и активности за лоцирање и приведување на сторителот и наоѓање на оружјето. Утрово сторителот е приведен и оружјето е обезбедено, а понатаму продолжува постапката по однос на целосно завршување на сите истражни дејствија поврзани со ова убиство, рече Јанкулоска по денешната посета на гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје. 

Осомничениот, како што претходно информираа за МИА од МВР, е приведен на гробиштата во Кавадарци. Откако бил забележан се обидел да избега, но бил пресретнат од полицијата.

Кај него е пронајден пиштол со два куршума, за кој се претпоставува дека е оружјето со кое е извршено убиството.

Тројното убиство беше извршено во неделата во семејна куќа на убиените со огнено оружје калибар 9 мм. Со по еден истрел беа застрелани 61-годишниот Илија.Л., Билјана Л. (56 години) и нивната 33-годишна ќерка Снежана Л, сите од Кавадарци.

При увидот на местото на убиството се подигнати чаури и траги кои беа испратени на вештачење во криминалистичка техника при МВР. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се предадени во Институтот за судска медицина заради вршење обдукција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Зошто мажите и даваат имиња на своите пениси?
- Затоа што не сакаат некој безименко да донесува 98% од нивните одлуки.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1473.- Роден е Никола Коперник, полски астроном,...
1743.- Роден е Луиџи Бочерини, италијански...
1797.- Папата Пие VI со Наполеон Бонапарта го...
1800.- Наполеон Бонапарта се прогласи за прв...