Компјутерски експерти ја советуваат Клинтон да ги оспори изборните резултати

Вашингтон, 23 ноември 2016 (МИА) - Истакнати компјутерски експерти го повикаа изборниот тим на Хилари Клинтон да ги оспори резултатите од изборите во државите Висконсин, Мичиген и Пенсилванија, јави Си-Ен-Ен.

Тие сметаат дека дошле до докази оти со гласовите во овие три држави е манипулирано или дека тие се хакирани.

Овие сомнежи, како што наведуваат, минатиот четврток им биле соопштени на советниците на Хилари Клинтон.

Меѓу овие експерти е и Алекс Халдерман, директор на Центарот за компјутерска безбедност на Универзитетот во Мичиген, кој изјави дека сомнежите произлегуваат од трендот на полоши резулатите на Хилари Клинтон во областите каде што е користен електронски систем на гласање, во споредба со реоните каде гласањето било со гласачки ливчиња.

Во окрузите каде се гласало со заокружување на имињата на кандидатите на хартија Хилари Клинтон добила дури седум отсто повеќе гласови отколку во окрузите каде се гласало преку електронски машини за гласање.

Експертите процениле дека Клинтон на тој начин во Мичиген „останала покуса“ за 30.000 гласови, а со самото тоа и за победа, бидејќи во конечниот резултат имаше 27.000 гласови помалку од Трамп, пишува магазинот „Њујорк“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...