Ники Хејли: САД се солидарни со Лондон, Русија е одговорна за труењето на Скрипал

САД се солидарни со Велика Британија и сметаат дека Русија е одговорна за труењето на поранешниот припадник на руското воено разузнавање ГРУ, Сергеј Скрипал, изјави синоќа американската амбасадорка при ОН, Ники Хејли.



- Дозволете да се изразам јасно. САД се апсолутно солидарни со Велика Британија уште од самиот почеток. САД сметаат дека Русија е одговорна за нападот врз двајца луѓе во Велика Британија со употреба на отровни супстанции од воен тип, кои имаат нервно-паралазирачко дејство, изјави Хејли.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, претставникот на Белата Куќа, Раџ Шахденес вчера изјави дека претседателот Доналд Трамп телефонски разговарал со британската премиерка Тереза Меј, при што укажал дека САД целосно ја подржуваат Велика Британија во однос на „случајот Скрипал.“

Шах изјави дека Трамп ги прифаќа заклучоците на Велика Британија за тоа дека Москва е вмешана во труењето на поранешниот разузнавач.

Во меѓувреме, и амбасадорот на Франција при ОН, Франсоа Делатр, иста така изрази солидарност со Лондон.
Сергеј Скрипал, кој е поранешен полковник во ГРУ, и неговата ќерка Јулија минатата недела беа најдени во критична состојба на клупа во градски парк во англискиот град Солсбери. Тие сега се в болница и се наоѓаат во кома додека лекарите се борат за нивните животи.

Се претпоставува дека тие се жртви на атентат со употреба на нервно-парализирачки гас.
Жртви на гасот се уште 19 други поединци и сите тие, освен еден полицаец кој истражувал на местото на настанот, се пуштени на домашно лекување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...