Претставничкиот дом гласаше за отповикување на Трамп од должноста претседател на САД

Претставничкиот дом синоќа изгласа отповикување на претседателот Доналд Трамп од власт. Разултатите од гласењето покажаа дека во законодавниот дом на САД постои ненадминлив раскол по партиска линија, јави дописникот на МИА од Вашингтон.



По првиот предмет на обвинувањето, злоупотреба на власта, „за“ гласаа 230 законодавачи, а „против“ 197.

По вториот предмет, попречување на законот, „за“ гласаа 229 членови, „против“ беа 198.

За утврдување на импичмент беа потребни гласови од најмалку 216 законодавачи.

Двајца демократи, Колин Петерсон и Џеф Ван Дру, гласаа против. Џаред Голден гласаше „за“ по првото обвинение а против по второто, додека демократката Тулси Габард беше воздржана.

Во објаснување на својот став Габард порача дека таа се позиционирала во центарот.

– Кога пред три месеци гласав за спроведување на истрагата за импичмент, кажав дека тоа не треба да стане еднопартиски проект… За жал, имено тоа и се случи, изјави таа.

Општо земено, и такви беа очекувањата, синоќешното гласање е уште една потврда за длабоката меѓупартиска поделеност во законодавниот дом на САД.

Претходно, само двајца американски претседатели, Ендрју Џонсон во 1868 година и Бил Клинтон во 1998 година, беа отповикани, но и двајцата останаа да ги завршат своите мандати до крај. Ричард Никсон си поднесе оставка во 1974 година, без да дочека гласање за импичмент.

Иако Претставничкиот дом објави негов импичмент, Трамп и понатаму е претседател. Неговата судбина сега се префрла во Сенатот на американскиот Конгрес, каде специјално оформен суд ќе је разгледа одлуката на Претставничкиот дом по предметите на обвинението, а бранители ќе ја докажуваат неговата невиност.

Процесот треба да го води судијата Џон Робертс, претседател на Врховниот суд на САД.

За отстранување на Трамп од должност треба да гласа една третина од сенаторите, или не помалку од 67. Процедурата се определува од лидерите во Сенатот, во кој републиканците се мнозинство.

Според Уставот, оваа фаза од процесот нема рокови.

Спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, синоќа по гласањето укажа дека нема брзање утврдениот импичемент да се префрли во Сенатот, се додека демократите не добијат гаранции за продлабочен и непристрасен суд. И со оние сведоци кои тие побараа лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич Меконел, да ги повика да сведочат.

Се очекува и поинаков развој на настаните. Изјавата на Пелоси значи дека судењето во Сенатот можа да се одложи, Трамп да не биде ослободен од обвинувањата, и да остане етикетиран како отповикан претседател во текот на добар дел од изборната 2020 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се враќа калуѓерка во манас-
тирот и &иацуте; вика на сестрите:
-Замислете сестри,на одење
наваму во шумата ме нападна еден
човек и ме силуваше.Што да
правам сега?
-Не бери...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Умрел Лодовико Ариосто, италијански...
1660.- Во Мадрид умрел Диего Родригес де Силва...
1816.- Францускиот лекар Рене Ленак го измислил...
1830.- Француското Собрание го избрало Луј Филип...