Бајден: Американците да примат трета доза од вакцината против Ковид-19

Американскиот претседател Џо Бајден апелираше до Американците да примат трета доза од вакцината против Ковид-19 и да го поддржат неговиот план за контрола на новиот сој Омикрон, преку поголема достапност на вакцини, но без драстични ограничувања во секојдневниот живот.



Бајден бара приватните осигурителни компании да ги покријат сите трошоци за домашни тестови на коронавирус и да ги заострат условите за тестирање на сите луѓе кои доаѓаат во САД, без разлика дали се вакцинирани.

Додека некои земји во светот ги затвораат границите или повторно воведуваат карантин, Бајден истакна дека засега нема да воведе дополнителни мерки освен препораката Американците да носат маски во затворени простории, на јавни места.

– Експертите сметаат дека бројот на случаи на коронавирус ќе продолжи да се зголемува во наредните недели оваа зима, поради што мора да бидеме подготвени, изјави американскиот претседател за време на посетата на Националниот институт за здравство во Вашингтон.

Тој рече дека неговата нова стратегија „не вклучува затворања и карантини“ и дека се надева на поддршка.

– Објавувам одлучен план во борбата против Ковид-19 и мислам дека треба сите да не обедини, додаде Бајден.

Спроведувањето на указот на Бајден за задолжителна вакцинација во поголемите компании е блокирано пред судовите во некои американски сојузни држави, поради што претседателот ги повика компаниите да наложат имунизација на своите работници, за да можат да останат отворени без ширење на инфекцијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...