Во Перу запленети 2,3 тони кокаин

Перуанската полиција запленила 2,3 тони кокаин во складиште во најголемиот залив во Перу, Ел Калао, во близина на главниот град Лима.

Како што соопштија локалните власти, вредноста на запленетата дрога изнесува најмалку 20 милиони долари.

Дестинацијата на таа пратка била Турција, а товарот бил лажно пријавен како керамички плочки.

Кокаинот бил прицврстен за гумени листови за да личи на керамички плочки и бил ставен во дрвени кутии во бродски контејнер.

Претставник на локалната полиција соопшти дека тоа е првиот евидентиран случај дестинацијата на дрогата од Перуанскиот залив да е Турција.

- Обично внимаваме на пратките што одат со брод до Белгија, Холандија, Шпанија и Франција, додаде тој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Волку, згрешивте со една буква.
Требаше да ме ИЗЕДИТЕ!!!
(трудна црвенкапа)
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1607.- Капетан Џон Смит со група војници...
1792.- Роден е италијанскиот свештеник Џовани...
1795.- Во Кабеларево е роден Павел Јозеф...
1809.- Трупите на францускиот цар Наполеон Први...