Папата Лав Четиринаесетти е подготвен да посредува меѓу завојуваните земји во светот

Папата Лав Четиринаесетти изјави денеска дека е подготвен да посредува меѓу лидерите на земјите кои се во војна, наведувајќи дека тој лично „ќе направи сè за да владее мирот“.



Новиот поглавар на Католичката црква, кој минатата недела ја презеде должноста водач на 1,4 милијарди католици низ целиот свет, им се обрати на верниците собрани во салата Павле Шести во Ватикан на настанот посветен на јубилејната 2025 година и 23 источни католички цркви.

„Од Светата земја до Украина, од Либан до Сирија, од Блискиот Исток до Тиграј и Кавказ, колку насилство гледаме. Давам збор дека ќе направам сè за да владее мирот“, рече папата и ја повика толпата да се моли за мир.

Тој изјави дека Светата столица е секогаш подготвена да помогне во зближувањето на страните во конфликтот за „да можат да се соочат едни со други, да разговараат и за да можат народите повторно да ја пронајдат надежта и достоинството што го заслужуваат - достоинството на мирот“.

„Народите во нашиот свет сакаат мир. Од дното на моето срце апелирам до лидерите: ајде да се сретнеме, да разговараме, да преговараме!“, додаде папата Лав Четиринаесетти.

Ова е првото големо дипломатско излегување на новиот американски папа откако е избран, а доаѓа во време кога се случуваат брутални вооружени конфликти во голем број региони - од Украина до Блискиот Исток и Африка. Светата столица традиционално се обидува да игра улога на миротворец, а папата Лав 14-ти јасно стави до знаење дека сака дополнително да ја нагласи таа улога за време на неговиот понтификат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Струмичанец во Америка и носи лубеница. Го гледа американецов и го прашува што е тоа. Лубеница вика Струмичанецов.
- Е колицки лубеници има кај вас , да ги видиш нашиве...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1536.- Англискиот суд ја прогласи за виновна Ана...
1571.- Татарски освојуачи ја запалија Москва.
1767.- Џенова на Франција и го продаде островот...
1773.- Роден е австрискиот канцелар кнез...