И покрај напорите на САД во Авганистан рекордно засеани површини афион за добивање опиумВашингтон, 2 декември (МИА) - Одгледувањето афион за добивање сиров опиум во Авганистан во оваа година достигнало рекорд и покрај напорите на САД за сузбивање на таа дејност, пренесува МИА.
Според истражување на американската Влада во изминатите 11 месеци во Авганистан се произведени 5644 тони опиум што е за 26 отсто повеќе отколку лани.
Во исто време зголемена е и бројот на полињата на кои се одгледува афион за добивање опиум и тоа за 61 отсто, објавија денеска американските медиуми повикувајќи се на податоци на Бирото за контрола над наркотиците.
Во моментов афион е засеан на 172.000 хектари.
Во провинциите Урузган и Хелманд, кои се основни производители на опиум, забележано е зголемување на засеаните површини за 132 отсто.
|