Деблокирани стратешките резерви на тамифлу во САД

Вашингтон, 31 октомври (МИА) - Американските здравствени власти ги деблокираа сите стратешки резерви на тамифлу, со цел да се вакцинираат децата, како одговор на недостигот на против-вирусно средство, ефикасно против новиот грип од типот А (H1N1).

Федералната Влада, потврдувајќи го недостигот на препарати во некои американски региони, ги деблокира 234-те илјади дози течен препарат, што е вкупното количество во стратешките национални резерви, изјави д-р Томас Фриден, директор на Федералниот центар за контрола и превенција на болестите.

Тој на прес-конференција нагласи дека 300 илјади кутии тамифлу за возрасните веќе се повлечени од стратешките резерви на 1 октомври, со цел да се задоволи побарувачката.

Новиот грип, кој е широко распространет во 48 од 50 американски сојузни држави, продолжува да ги погодува најмладите и децата, додаде Фриден.

Клините ширум САД се соочуваат со недостиг на вакцини. Првобитниот план беше да се вакцинира секое дете, кое посетува основно училиште, со согласност на родителите.

Координаторката за нега Робин Валис од основното училиште во Александрија, во околината на Вашингтон, изјави дека сега на родителите мора да им соопшти дека само децата од градинка до прво одделение можат да да добијат вакцината.

- Најголемиот проблем е тоа што не ја добивме количината, која ја очекувавме, рече Валис.

Здравствените работици појаснуваат дека вакцината за новиот грип споро созрева и оти тоа создава застој во нејзиното производство.

Портпаролот на Белата куќа Роберт Гибс изјави дека претседателот Барак Обама е мошне загрижен поради забавувањето на доставувањето на вакцините против новиот грип.

Населението на САД досега добило 26,2 милиони дози, што е само една четвртина од количината, која ја вети Владата.

Според најновите податоци од новиот грип во САД починале над илјада лица, вклучувајќи околу сто деца и млади лица. Над 20 илјади лица биле хоспитализирани поради новиот грип.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...