Ќе ја „завршам работата“ во Авганистан

Кабул, 25 ноември (МИА) - Американскиот претседател Барак Обама денеска изјави дека има намера да „ја заврши работата“ во Авганистан, почната пред осум години и дека уништувањето на терористите на Ал Каеда и неговите екстремистички сојузници  и натаму е клучен интерес за САД.

-Ќе ги демонтираме и намалиме нивните капацитети и на крајот целосно ќе ги уништиме нивните мрежи. Мојата намера е по осум годни да ја завршам работата, иако во текот на овие години повремено немавме ниту доволно средства, ниту адекватна стратегија, порача Обама.

Обама вети дека долго очекуваната одлука за испраќање дополнително воено засилување во оваа земја ќе ја соопшти по Денот на благодарноста, кој годинава во САД се одбележува на 26 ноември, јавија агенциите.

-Уверен сум дека американските граѓани ќе ја поддржат мојата одлука, кога ќе ги слушнат јасните аргументи за тоа што таму работиме и како мислиме да ги оствариме нашите цели, рече Обама.

Би Би Си објави дека Обама планира својата одлука за испраќање засилување во Авганистан да ја соопшти идниот вторник, кога треба да одржи говор до нацијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...