Ќе му ја отсечеме раката на секој напаѓач

Техеран, 23 февруари (МИА) - Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска изјави дека Иран ќе „ му ја отсече раката“ на секој што ќе ја нападне земјата. 

-Ниту една сила не може да го загрози Иран... Иранската нација ќе му ја откорне раката од рамото на секој напаѓач од кој било дел на светот, се закани Ахмадинеџад во говорот во источната иранска провинција Хорасан-е Џонуби, што го пренесуваше иранската телевизија. 

Началникот на американскиот здружен Генералштаб, адмиралот Мајкл Мулен изјави дека американскиот воен удар врз Иран нема да биде одлучувачки во неутрализацијата на иранската нуклеарна програма, пренесоа агенциите. 

-Ниту еден удар, колку и да биде убоит, нема да биде сам по себе одлучувачки, рече адмиралот Мулен на вчерашната прес конференција и додаде дека самиот го поддржува дипломатскиот притисок врз Иран. 

Портпаролот на Стејт департментот Филип Кроули најави дека конкретниот предлог на ОН за нови санкции кон Иран ќе биде познат следната недела  и дека САД „тесно соработуваат“ со останатите членки на СБ на ОН и Германија на утврдувањето на целите на овие санкции.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...