Момчето кое ја преживеа авионската несреќа во Либија замина за Холандија

Триполи, 15 мај 2010 (МИА) - Деветгодишното момче од Холандија, единствениот преживеан патник во авионската несреќа во Либија во која загинаа 103 лица, денеска е испратен со медицински транспортен авион во својата земја.

Неколку часа пред заминувањето на момчето му е соопштено дека меѓу загинатите во авионската несреќа се наоѓаат и неговите родители и две години постариот брат.

Докторот Садиг Бангала изјави дека момчето Рубен ван Асоу закрепнува доволно добро за да може да биде префрлен во Холандија.

Поради големиот број скршеници на двете нозе врз Рубен е извршена операција која траела четири и пол часа, а според докторот Бенгала за неговото преживување придонеле многу фактори, вклучувајќи го и местото на кое седел во авионот.

Авионот од типот „Ербас 330-200“ на либиската авиокомпанија „Африкија ервејз“, кој тргна од Јоханесбург, се урна во средата при слетувањето на аеродромот во Триполи.

Повеќето од две третини од патниците кои загинаа биле холандски туристи, а меѓу жртвите во несреќата се и патници од Либија, Јужна Африка, Белгија, Австрија, Германија, Франција, Зимбабве и Велика Британија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...