Бин Ладен и Ал Завахири се кријат во Пакистан

Кабул, 18 октомври 2010 (МИА) - Лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен и неговиот заменик Ајман ал Завахири веројатно се кријат во близина еден до друг во Северозападен Пакистан и тие се обезбедувани од локалните жители и од некои вработени во пакистанското разузнавање, изјави анонимен претставник на НАТО, цитиран од Си-Ен-Ен.

Според претставникот на НАТО двајцата високи функционери на Ал Каеда живеат удобен живот. - Никој во Ал Каеда не живее во пештера, додаде тој.

Пакистан ги демантира тврдењата на претставникот на НАТО. - Вакви тврдења постојано се појавуваат. Нашата реакција на нив е позната уште од првиот ден - тој не е тука, изјави пакистанскиот заменик-министер за информации Самсам Бохари.

- Секој пат велат дека Осама е тука, но не кажуваат каде точно се наоѓа. Не веруваме во таквите тврдења, додаде тој.

Според претставникот на НАТО Бин Ладен изминатите години се криел на различни локации во регионот, опфаќајќи стотици квадратни километри исклучително тешкодостапен терен во Пакистан, заштитуван од племињата. Станува збор за регионот на Шитрал во далечниот Северозапад, во близина на границата со Кина, до долината Курам, која се граничи со авганистанската област Тора Бора.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...