Продолжуваат протестите против власта во Јемен

Сана, 21 февруари 2011 (МИА) - Илјадници луѓе се собраа утрово на протест пред заградата на Универзитетот во Сана, барајќи смена на режимот во Јемен. 

Студенти, пратеници на опозицијата и активисти започнаа да пристигнуваат во текот на минатата ноќ на плоштадот „Тахрир“, кој е преименуван од демонстрантите по египетските немири.

Насобраниот народ извикуваше пароли „Народот сака соборување на режимот“ и „Народот сака промени“.

Парламентарната опозиција во Јемен вчера одлучи да им се приклучи на протестите против управувањето на претседателот Али Абдула Салех, во кој учествуваа главно студенти.

Безбедносните сили беа распоредени околу плоштадот, но не се обидоа да ги растераат демонстрантите. Досегашните секојдневни антивладини протести во Сана, кои започнаа пред десетина дена, беа грубо задушувани од приврзаниците на власта, вооружени со стапови, камења и ладно оружје. Полицијата вчера првпат ги држеше настрана од студентите.

- Барањата за смена на режимот се апсолутно неприфатливи, а сегашните настани во земјата наликуваат на болест, изјави денеска шефот на државата Салех.

За време на протестите во Јемен досега загинаа седум лица. Освен во Сана протести се одржуваа и во други градови, а низ централните улици на Аден веќе се движат тенкови и оклопни возила.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...