Расте бројот на жртвите во Јапонија

Токио, 11 март 2011 (МИА) - Околу 60 лица загинаа, а стотици се ранети во најразорниот земјотрес во историјата на Јапонија, соопшти Главната полициска управа, која додаде дека исто толкав број на луѓе се водат како исчезнати. Се уште не е позната судбината на околу сто лица, кои биле на брод, што беше однесен од бранот цунами, кој на некои места достигна до десет метри.

Главниот удар со интензитет од 8,9 степени ги погоди префектурите во североисточното крајбрежје на главниот остров Хоншу - Ивате, Фукушима, Ибараки, Точиги и Чиба.

По првиот силен потрес, чиј епицентар бил на длабочина од десет километри под морското дно и на околу 130 километри од источното крајбрежје, следеа над 30 подземни силни потреси. 

Се формираше цунами високо до десет метри. Во префектурата Фукушима бранот цунами навлезе на пет километри на копното.

Најпогоден град е Сендај, во префектурата Мијаги, каде водата поплави цел станбен кварт и аеродромот. Целосно е поплавена воената база „Мацушима“ во таа префектура.

Земјотресот е најсилниот досега на јапонските острови и шестти според разурнувачката сила во историјата на светот. 

Работата на нуклеарната централа „Онагава“ во Мијаги беше сопрена, откако во неа избувна пожар. Трегова беше прогласена и во нуклеарната централа „Фукушима“, а засега нема податоци за радијација. 

Пожари избувнаа и во фабриките на „Нисан“ во префектурите Фукушима и Точиги. Едниот пожар е изгаснат, а борбата против другиот продолжува. Силен пожар избувна и во градот Кесенума, во Мијаги.

Во Токио има разурнувања и ранети. На одреден период во Токио беа прекинати мобилните телекомуникации, а на многу места сопре дотокот на струја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...