Се што владата во Токио во неделата можеше да каже за економската штета се содржеше во една реченица: „Очекуваме земјотресот значително да влијае на широк спектар на нашето стопанско делување“.

Како ќе се опорави Јапонија

Цунами е јапонски збор, составен од „канји – ја“ кој буквално значи „брег“ и „бран“. Без разлика што звучи речиси идилично, со тој поим е поврзано ѕверско разорување, масовна загуба на човечки животи и друго опоравување од последиците од таа водена стихија.

Јапонија поминува низ секој аспект од катастрофата наречена цунами: пребројува жртви, собира исчезнати на листи, ги брои уништените куќи и со страв ја проценува вкупната штета.

Петнаесет минути откако во петокот попладне најголемиот јапонски остров Хоншу го погоди земјотрес чија јачина беше измерена со 8.9 степени според Рихтерова скала, а потоа се зголеми на цели 9 степени, на јапонскиот североисточен брег удри бран висок 10 метри.

Најтешко настрада градот Сендаи, главен град на префектурата Мијаги, кој се наоѓа на само 128 километри од епицентарот. Водениот ѕид со црна каллива вода во Сендаи продре во секоја куќа, од улиците ги збриша автомобилите како лимени лушпи, превртуваше бродови како да се детски играчки, а малку подоцна имаше над стотици мртви тела, а многу повеќе ги однесе во неврат.

Во гратчето Минамисанрику во префектурата Мијаги не се знае каде се 10.000 луѓе, половина од населението во тој регион. Во префектурата Ивате, од 23.000 жители во засолништа успеаја да побегнат само неполни 6.000. Откако од водата се извлечени неколку стотици мртви, се стравува колку луѓе останале во 5.000 куќи што се целосно потопени во морето.

Целата зграда на градското собрание Оцучија отплива со цунамито, во неа беше градоначалникот и сите негови соработници. Сеуште не се знае каде се. Исто се случи и со старскиот дом во градот Офунато. Неговите 30 штитеници за сега се водат како исчезнати.

Нуклеарки

Додека главниот град Токио има минимални штети и со брза воспостава на прекинатиот сообраќај, докажа дека оваа земја е меѓу најподготвените за силни земјотреси посилни од 8 степени според Рихтер, сеедно, цунамито Јапонците ги затекна неподготвени.

Околу половина милион луѓе се евакуирани од поплавените и срушени домови и од тие околу 150.000 од околината на нуклеарната електрана Фукушима, во која во саботата дојде до експлозија, додека во неделата сеуште не можеше со сигурност да се каже дали ќе се избегне најстрашната нуклеарна катастрофа.

Реакторот број 1 експлодира од прегреаност, додека на реакторот број 3 цел ден впумпуваа ладна морска вода, за да се спречи експлозија на челичниот контејнер околу него, а исто така се извлекуваше нуклеарното гориво, кое би предизвикало ширење на радиоактивен материјал во атмосферата и околината.

Докторите преземаат се за спас на 21 озрачено лице (се стравува дека уште околу 160.000 луѓе се изложени на опасна радијација), здравствените власти признаа дека 15 лица се отруени од радиоактивен материјал кој продрел во една од болниците на 10 километри од нуклеарката. Во исто време, Јапонија преживува најтешки моменти, сметајќи на високата нуклеарна опасност уште од атомското бомбардирање на Хирошима и Нагасаки во 1945 година.

Десет други нуклеарки автоматски прекинаа да работат по земјотресот и така над 4 милиони луѓе останаа без струја. Може ли на трусни острови, какви што се јапонските, потпирањето на нуклеарна енергија да биде сигурно?

Околу една третина електрична енергија во третото по сила светско стопанство, доаѓа од 55 нуклеарни реактори, а до 2017 година се планира зголемување на таа зависност на цели 40 отсто. Како и да се заврши драмата во Фукушима, дилемата околу тоа дали нуклеарната енергија е решение за Јапонија, уште подлабоко ќе ја подели тамошната јавност.

Солзите на премиерот

Во Јапонија високи функционери знаат да заплачат пред јавноста и кога се соочени со многу помали проблеми, па беше природно што премиерот Наото Кан се бореше со солзите кога зборуваше дека ова е најголемата криза во неговата земја, по Втората светска војна.

- Верувам дека заедно можеме да ги надминеме сите потешкотии, рече премиерот, но за кои потешкотии конкретно се работи, колку животи се изгубени, колкава штета е нанесена и колкави психолошки последици треба да се надминат во месеците и годините по оваа катастрофа, ќе се утврди подоцна.

Стопанство

Додека Тојота, Нисан и Хонда целосно го прекинаа производството до понеделник, а Сони, Сузуки и Мицубиши гасеа дел од погоните, се што можеше владата во Токио во неделата да изјави за стопанската штета, беше собрано во една реченица.

- Очекуваме земјотресот драстично да влијае на широк спектар на нашето стопанско делување, изјави Јукио Едано, главен секретар на кабинетот.

И додека некои, како Лари Самерс, поранешен директор на економскиот совет на американскиот претседател Барак Обама, испраќаа позитивни пораки тврдејќи дека обновата ќе вбризга макар привремена инекција во јапонското стопанство, повеќето други економисти констатираа дека земјотресот ја погоди земјата на изгреј сонцето во најлош можен момент и на најтежок можен начин.

За обнова ќе требаат фискални стимуланси кои тешко ќе се одразат на постоечкиот буџетски дефицит од околу 10 отсто од БДП и сигурно ќе го успори планираниот ребаланс на државниот буџет.

Сеќавање на Кобе

Многумина се присетуваат на тешките последици од земјотресот кој во 1995 година го разруши Кобе и однесе над 6.000 животи. Иако тој крајбрежен град никогаш потоа не го обнови своето претходно значење на националната мапа на јапонското стопанство, но беше поттикнат од катастрофата и оствари побрз раст. Експертите велат дека сега стопанството е во многу полоша состојба од пред 16 години, оптоварено со најголем јавен долг забележан меѓу развиените земји и притиснат од рецесиски сили.

Во последниот квартал во 2010 година јапонскиот БДП падна за 1,3 отсто во однос на истиот период лани и дури сега се очекуваше скромен раст од 0,5 отсто во однос на претходниот квартал. Меѓутоа сега, се е доведено под знак прашалник.

Материјалната штета од земјотресот во Кобе е проценета на 132 милијарди американски долари и тоа до сега беше најскапата природна катастрофа во историјата на Јапонија.

Разорната сила на овој земјотрес, велат сеизмолозите, е 700 пати поголема од 1995 година и 90 пати поголема од претходните проценки. Ќе има човечки жртви од невидени размери. Дали стопанските последици ќе ги надминат сите досегашни катастрофи во јапонската историја, тоа се проценува во моментот.

 

Банка – Загреб



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...