
Триполи, 18 март 2011 (МИА) - Либискиот лидер Моамер Гадафи денеска предупреди да не се презема никаква офанзива против Либија, заканувајќи се дека ќе им го претвори животот во пекол на оние кои ќе ја нападнат земјата.
Гадафи го испрати предупредувањето неколку часа откако Советот за безбедност на Обединетите нации даде зелено светло за воздушни напади против вооружените сили на режимот.