
Планетата е „преплавена“ со уште еден бран на „атомофобија“. Се активираа „зелените“ во Германија кои го принудија канцеларот Ангела Меркел да нареди затворање на атомските централи, иако немаше докази дека постои закана. Експертот за нуклеарни технологии од рускиот Поморски државен универзитет „Адмирал Невелски" Владимир Хрусталов коментира:
- Без оглед на се што сега се зборува после Фукушима, не е толку едноставно да се заменат атомските централи. Доволно е да се потсетиме примерот со референдумот во Шведска и реалната состојба на нештата. За многу земји нема алтернатива за атомските централи, затоа што алтернативите засега се премногу скапи и имаат премногу високи индиректни трошоци, вклучувајќи и еколошки, вели Хрусалков за „Правда“.
Според него токму благодарение на нуклеарната енергија Јапонија реши многу свои проблеми со снабдувањето со енергија на индустрискиот развој во 60-тите и 70-тите години на минатиот век, вклучувајќи ја енергијата добиена на овој начин и како средство за намалување на зависноста од нафта за време на нафтената криза во 1973 година.