Смртта на Осама дава можност да се зададе смртоносен удар на Ал Каеда

Вашингтон, 9 мај 2011 (МИА) - Американскиот претседател Барак Обама изјави дека смртта на Осама бин Ладен и големиот број информации запленети од неговата куќа не значат дека САД ќе го победат тероризмот, но даваат можност да се зададе смртоносен удар на Ал Каеда.

Обама во интервју за емисијата „60 минути“ на телевизијата Си-Би-Ес изјави дека е во тек собирање информации од компјутерите запленети во куќата на лидерот на Ал Каеда.

- Тоа не значи дека ќе го победиме тероризмот. Тоа не значи дека Ал Каеда не метастазирала во други делови од светот, каде ќе треба да се обратиме до тамошните оперативци, изјави американскиот претседател.

- Но, тоа значи дека имаме можност да зададеме смртоносен удар на оваа организација, доколку агресивно продолжиме со работата во месеците кои следат, истакна Обама.

Американскиот претседател, кој акцијата во Пакистан ја следеше директно од Белата куќа, нагласи дека ќе биде потребно некое време да се обработат податоците.

Обама истакна дека на анализата и проценката на информациите се вложуваат сите сили, бидејќи тие можат да укажат на други терористи кои САД ги бараат долго време.

Американските официјални лица можат да дојдат до информации за можни завери, како Ал Каеда дејствува и начинот на кој комуницира, истакна американскиот претседател.

Мал тим американски специјалци, минатата седмица изведе напад врз луксузна вила во пакистанското одморалиште Аботабад, на околу еден час возење од главниот град Исламабад и по 40 минути борба го убија Осама бин Ладен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Новиот клиент го прашува адвокатот Трпе.
- Колку наплаќаш за услугите?
- 100 евра за три прашања.
- А бе, не е тоа малку скапо?
- Скапо е, ама тоа е. И, кое е твоето трето...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1926.- Во Лос Анџелес е родена Норма Џин...
1953.- Во Женева е основана Европската...
1974.- Умре Хуан Перон, аргентински политичар и...
1992.- Во Скопје е поставен камен - темелникот...