САД имале согласност од Пакистан за интервенцијата

Лондон,10 мај 2011 (МИА) - САД имале постигнато согласност со пакистанските власти за да може унилатерално да дејствуваат внатре на територијата на Пакистан, доколку занаат дека Осама бин Ладен се крие во земјата, пишува „Гардијан“, повикувајќи се на американски и пакистански извори.

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, договорот е постигнат во тајност, уште пред речиси десет години, меѓу тогашниот пакистански претседател Превез Мушараф и поранешниот американски претседател Џорџ Буш, откако Бин Ладен успеа да побегне пред војниците на САД, по воената интервенција во планинскиот масив Тора Бора, пред крајот на 2001 година.

Во тајниот документ договорен меѓу двете земји, е предвидено правото на унилатерална воена интервенција да се однесува не само за Бин Ладен, туку и за вториот човек на Ал Каеда Ајман ал-Завахри, како и за неименуваната трета личност по значење во хиерархијата на оваа терористичката мрежа. Според лондонскиот весник, САД и Пакистан се согласиле пакистанските власти да реагираат бучно и нервозно и да ја осудат постапката на Американците, но да не направат ништо за да се прекине операцијата.

Откритието за постоењето на таен американско-пакистански договор околу Бин Ладен, се случува во време кога властите во Исламабад реагираа остро на американската интервенција во Аботабад, оддалечен помалку од стотина километри од главниот град на земјата, незадоволни што не биле известени, како и оправдувајќи се дека нивното разузнавање и тамошната Влада не занеле ништо за тоа дека Бин Ладен речиси седум години мирно живее стотина метри од главната воена академија во Пакистан.

Американците и Пакистан сега настојуваат да се спогодат околу тоа, за семејството на Бин Ладен, кои се во пакистански затвор, но Пакистанците категорично се против таквото барање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...