Дали Гадафи е жив?

Лондон, 11 мај 2011 (МИА) - Британскиот Форин Офис одби денеска да ги коментира гласините околу судбината на либискиот водач Моамер Гадафи, кој 12 денa се нема појавено во јавноста.

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, претставник на британското Министерство за надворешни работи само кусо изјави дека „не сака да коментира шпекулации и гласини“.

Неговата изјава доаѓа по тврдењата во дел од лондонските весници дека Гадафи наводно настрадал за време на бомбардирањето на комплексот згради во Триполи, каде живеат тој и припадници на неговото семејство. Во тоа бомбардирање беше убиен неговиот најмлад син Саиф ал Араб и тројца внуци.

Лондонски „Гардијан“ тврди дека во бомбардирањето загинал и либискиот водач, објаснувајќи го тоа со неговото двонеделно целосно отсуство од јавноста.

„Дејли телеграф“ ја пренесува изјава на претставник на НАТО, кој за весникот вели дека Алијансата „не знае каде е воопшто Гадафи, но оти нема сознанија дека тој е убиен при тоа бомбардирање“.

Според претставникот на НАТО, Алијансата нема за цел да го убие либискиот лидер, туку дека секогаш напаѓа само „воени цели“, опишувајќи го како таков и комплексот згради во кои беа убиени синот и внуците на Гадафи.

Портпаролот на либиската Влада за Би-Би-Си изјави дека Гадафи е во жалост поради смртта на синот и неговите внуци, како и дека наскоро ќе се појави во јавноста, отфрлајќи ја притоа верзијата за смртта на либискиот водач.

Либиските власти претходно објавија дека Гадафи по тоа бомбардирање е на безбедно место, затоа што „западните сојузнички сили настојуваат да го убијат“. Поради тоа, тој не присуствувал ниту на погребот на синот и внуците.

Занимавањето на дел од британските медиуми со судбината на Моамер Гадафи се прикажува како обид да се одржи „либиската криза“, како и тамошната граѓанска војна „жива и актуелна во домашната јавност“, откако по шест недели бомбардирање нема никаков напредок, освен што сега Либија е целосно поделена земја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...