Пет кандидати за наследници на Бин Ладен

Убиството на Осама бин Ладен го отвори прашањето кој ќе биде негов наследник, некој од најблиските соработници или некој од младите кадри на Ал Каеда.

Аналитичарите кои се занимаваат со Ал Каеда веќе го поставуваат прашањето: „Дали некој може да го наследи Бин Ладен“ т.е. дали „групата и нејзините ограноци ќе го следат новиот лидер или Ал Каеда ќе се распадне“.

Во многу комбинации најчесто како наследник од првиот ден се спомнува Ајман ал Завахири, Египјанец, „негов досегашен заменик“ и најискусен член на Ал Каеда. Меѓутоа, има и такви кои тврдат дека тој „не е популарен во одредени кругови во Ал Каеда“.

Како можни ривали на Ал Завахири за водачи на Ал Каеда, се спомнуваат неколку млади имиња: Абу Јахија ал Либи, Либиец командант на една група во Авганистан, Саиф ал – Адел, Египјанец чие име се доведува во врска со подметнувањето бомби во амбасадата на САД во Кенија и Танзанија во 1998 година, потоа Мула Мухамед Омар од Авганистан, Анвар ал Авлаки, во Америка роден свештеник кој е стациониран во Јемен.

Аналитичарите забележуваат дека најчесто се спомнува кандидатот за наследник Ал Завахири, но тој се уште не се огласил откако е убиен Бин Ладен, што е симптоматично. Соопштението на Ал Каеда, во кое е потврдена неговата смрт во Пакистан, го потпиша „Генералната команда на Ал Каеда“, додека тоа претходно по правило го правеше Ал Завахири. Во таа порака на јавноста ништо не и се најавува кој може да го наследи Бин Ладен.

Ал Каеда како да ја губи својата широка поддршка во исламскиот свет. Во немирите во Тунис, Египет, Либија, Јемен и другите арапски земји, народот бара демократски промени, а не враќање на шеријатот кој со децении го заговараше Осама бин Ладен. Кој и да дојде на чело на терористичката група ќе се соочи со нови предизвици.

„Бин Ладен е дел од минатото, исто како што се и некои арапски режими. Случајно тоа се случи во истата година“, потсетува Халил ел Анати, експерт за исламскиот џихад.

Прашањето околу именувањето на наследникот се чини формално се уште не е отворено, бидејќи групата се уште е во шок поради загубата на Бин Ладен. Тоа ќе се најде на дневен ред на состанок на кој веројатно ќе се соберат лидерите на главните ограноци на Ал Каеда.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Новиот клиент го прашува адвокатот Трпе.
- Колку наплаќаш за услугите?
- 100 евра за три прашања.
- А бе, не е тоа малку скапо?
- Скапо е, ама тоа е. И, кое е твоето трето...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1926.- Во Лос Анџелес е родена Норма Џин...
1953.- Во Женева е основана Европската...
1974.- Умре Хуан Перон, аргентински политичар и...
1992.- Во Скопје е поставен камен - темелникот...