Почна одмаздата на Ал каеда

Исламабад, 13 мај 2011 (МИА) - Најмалку осумдесет лица загинаа во два самоубиствени бомбашки напади во центар за обука на гранични полицајци во североисточниот пакистански град Чарсада, во областа Шабкадар. Во нападот се ранети 140 лица.

Началникот на центарот Џеханзеб Хан изјави на прес-конференција дека двајцата напаѓачи пристигнале до главниот влез со помош на мотоцикл во моментот кога регрутите го ставале својот багаж во автобусите, пред да заминат на отсуство.

Едниот од камиказите се сокрил некаде, а другиот го активирал експлозивот, што го носел во близина на автобусот. Малку подоцна нападнал и вториот напаѓач, кога на местото на првата експлозија се собрале луѓе, за да ги спасат преживеаните.

Повеќето од 80-те загинати биле регрути, но меѓу нив имало и цивили. Голем број од ранетите се во критична состојба.

Во нападите се уништени 15 автобуси и неколку продавници, кои се наоѓале во близина на пазарот.

Движењето на талибанците во Пакистан ја презеде одговорноста за нападите и нагласи дека тие се одмазда за убиството на лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен од страна на американските командоси на 2 мај.

Ова е најсмртоносниот напад во Пакистан оваа година и прв чин на одмазда по убиството на Бин Ладен.

Пакистанските талибанци преземајќи ја одговорноста за нападот предупредија дека ќе има уште поголеми напади во Пакистан, но и во Авганистан.

Движењето на талибанците во Пакистан, кое и се заколна на верноста на Ал Каеда во 2007 година, е одговорно за повеќе од 450 напади, од кои повеќето самоубиствени, во кои загинаа околу 4.300 лица во земјата во изминатите четири години. Движењето летото во 2007 година во присуство на Бин Ладен му објави џихад на Исламабад, поради тоа што го поддржува Вашингтон во војната против тероризмот.

Областа Шабкадар се наоѓа до граничните племенски региони, кои се упоришта на пакистанските талибанци.

Паравоениот Граничен корпус на полицијата во Пакистан, заедно со армиските погранични единици ја раководат битката против исламистичките бунтовници, поради што се честа цел на нивните напади.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...