НАТО има погрешна тактиката во Либија

Виена, 13 мај 2011 (МИА) - Поранешен генерал на НАТО, Клаус Рајнхарт оцени денеска дека воената стратегија на Алијансата во Либија е погрешна.

- Целиот пристап и целата стратегија се погрешни, бидејќи не може конфликт на земја да се заврши од воздух, изјави тој за австриското радио Ое1.

Во текот на 90-те на Балканот се виде дека интервенцијата на западната алијанса може само да направи услови за примирје, објасни тој.

- Главна грешка е да се каже оти Гадафи мора да биде тргнат, критикуваше Рајнхарт, додавајќи дека се водени и преговори со поранешниот  претседател на СРЈ Слободан Милошевиќ.

Тој вели дека сега треба да се изврши притисок врз бунтовниците, за да прифатат примирје и потоа преговори.

- По завршувањето на судирот, ЕУ има задача заедно со ОН да упатат посредници и преземат преговори, објасни Рајнхарт. Тој смета дека доколку се случи примирје, неопходна е „тампон-зона“ меѓу страните во конфликтот под надзор на меѓународни сили за заштита.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Знаете ли зошто статуата на слободата во Њујорк е жена?
-Им требало празна глава за да направат ресторант!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1215.- Англискиот крал Џон ја потпиша Големата...
1752.- Бенџамин Франклин, американски физичар и...
1843.- Во Берген е роден Едвард Григ, норвешки...
1873.- Германскиот археолог-аматер Харнјих...