Гадафи тврди дека е жив и оти се наоѓа на локација, недостапна за НАТО

Либискиот лидер Моамер Гадафи изјави во аудио-обраќање емитувано од либиската телевизија дека е жив и оти се наоѓа на локација, која е недостапна за НАТО.

- Им кажувам на плашливите крстоносци дека се наоѓам на место, каде не можат да ме најдат и убијат. Јас живеам во срцата на милиони, истакна Гадафи. Кусата аудио-порака објавена од Ал Џамахирија не беше придружена од видеоматеријал.

Гадафи исто така напомена оти ја дал оваа изјава, откако добил голем број телефонски повици од Либијци, кои биле загрижени за неговата состојба, по завчерашното бомбардирање на НАТО силите на неговата резиденцијата во елитниот кварт Баб ал Азизија во Триполи.

Италијанскиот министер за надворешни работи Франко Фратини изјави вчера дека Моамер Гадафи можеби избегал од Триполи и најверојатно е ранет.

Фратини истакна дека верува на зборовите на католичкиот епископ во либиската престолнина Џовани Мартинели, според кого „Гафади најверојатно не е во Триполи и може дури е и ранет“ во воздушни напади на НАТО.

Тој во интервју за весникот „Кориере дела сера“ изјави дека „меѓународниот притисок веројатно го натерал Гадафи да реши да побара прибежиште на побезбедно место“.

Либиски владин портпарол го демантираше тврдењето дека Гадафи е ранет.

Се очекува Гадафи да биде меѓу тројцата либиски претставници, за кои Меѓународниот кривичен суд планира да издаде наредба за апсење в понеделник.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...