САД против нуклеарната програма на Иран ќе се борат како во случајот на Бин Ладен

САД планираат против нуклеарната програма на Иран да се борат со истата решителност како во случајот на ликвидирањето на лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, изјави советникот на американскиот претседател за национална безбедност, Том Донилон во обраќање пред вашингтонскиот Институт за блискоисточна политика.

Според Донилон ликвидирањето на лидерот на Ал Каеда испратило силна порака кон пријателите и кон противниците на САД. - Ние го остваруваме тоа што сме го ветиле, додаде тој.

- Тивката и одлучна потрага по Бин Ладен не е единствениот пример за тоа дека во случајот на претседателот Барак Обама, зборовите не се разидуваат со делата, рече Донилон и додаде дека ова важи и за Иран.

Донилон нагласи дека Обама ги разбира регионалните и меѓународните последици од претворањето на Иран во држава, која поседува нуклеарно оружје, поради што Вашингтон настојува Техеран да биде спречен во обидите да произведе нуклеарно оружје.

- Се додека Иран не ги почитува своите обврски од Договорот за неширење на нуклеарно оружје и и сите соодветни резолуции на Советот за безбедност на Обединетите нации ќе продолжиме да го зајакнуваме притисокот кон Техеран, додаде Донилон.

Тој сепак напомена дека вратата на дипломатијата и натаму останува отворена кон Иран, но само доколку таа е ефикасна и доколку не се прават тактички обиди за спречување на натамошните санкции.

Советникот на Обама уште го обвини Иран дека се занимава со дестабилизирачки активности на Блискиот Исток, вклучувајќи ги Ирак, Сирија и Либан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...