Кина понудила оружје за Гадафи

Отава, 5 септември 2011 (МИА) - Кина понудила оружје за либискиот лидер Моамер Гадафи во последните денови од неговиот режим на тајни преговори во Пекинг во јули, објави канадскиот весник Глоуб енд меил.

Повикувајќи се на тајни документи, кинеските компании биле подготвени за продажба на оружје и муниција во вредност од најмалку 200 милиони долари и покрај санкциите на ОН.

Весникот не потврди дали кинеското оружје пристигнало, како што било планирано - преку Алжир и јужна Африка, во Либија.

Високи советници на Гадафи отпатувале во Пекинг во средината на јули каде имале состанок со претставници на кинеските Норинко, "CPMIC" и компанијата Ксинкинг. Тие понудиле „целокупен контингент од залихи и ветиле дополнителна испорака доколку е потребно“. Се работело за ракетни фрлачи, експлозивни ракети, антитенковски ракети како и проектили "QW-18"  кои се слични на американските Стингер.

Високи претставници на новата преодна влада велат дека „нивните сомнежи се зголемени поради воздржаноста на Кина, Алжир и Јужна Африка да ја поддржат акцијата на НАТО во Либија“, се вели во написот во канадскиот весник.

Шефот на Воениот комитет на Преодниот совет, Омар Харири имал увид во документите и заклучил дека тоа го објаснува присуството на ново оружје пронајдено на местата на борбите. Спорните документи се откриени во предградие на Триполи каде неколку најверни приврзаници на Гадафи имаа свои домови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...