Гадафи е во Либија или не...?

Алжир, 6 септември 2011 (МИА) - Нигерискиот министер за надворешни работи Мохамед Базум ги демантираше тврдењата дека во Нигер пристигнал конвој со кој патува соборениот либиски лидер Моамер Гадафи.

- Тоа не е вистина. Не станува збор за Гадафи и не мислам дека тој конвој е толку голем, колку што се тврди, изјави министерот кој е во Алжир за да учествува на регионална конференција за земјите од Сахел.

- Вистина е дека неколку повеќе или помалку високи претставници од режимот на Гадафи пристигнаа во Нигер, но тоа е се. Не станува збор за луѓе, кои ги заземаа челните позиции, а уште помалку за Гадафи или за некој од неговите синови, појасни тој.

Шефот на дипломатијата на Нигер на крајот рече дека не е ополномошен да одговори на прашањето на новинарите дали Нигер ќе достави евентуален азил за Гадафи и неговото семејство.

Во исто време властите на Буркина Фасо изјавија дека не биле информирани за пристигнувањето на нивна територија на голем конвој со цивилни и воени возила кои доаѓале од Либија и преминале преку Нигер.

Анонимен владин извор изјави дека ако ваков конвој ја мине границата, властите ќе бидат информирани, но засега таква информација не е добиена.  

Портпаролот на либискиот Преоден национален совет Абдел Хафиз Гога претходно изјави дека либиски конвој од десет возила со злато и пари од Централната банка на Либија во Сирт ја поминал гранцата со Нигер.

Тој наведе дека златото и парите се одземени од Централната банка во Сирт.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...