Кој ги убива нуклеарните физичари во Иран

Техеран, 11 јануари 2012 (МИА) - Денешното убиство на ирански научник Мустафа Ахмади Рошан, вработен во нуклеарниот објект во Натанц, во централниот дел на земјата, е четврто убиство во оваа земја од јануари 2010 година, посочуваат француските медиуми.

Во последните години неколку ирански научници беа жртви на атентати или неразјаснети исчезнувања, кои режимот во Техеран им ги припиша на Израел и западните сили, обвинувани дека се стремат да го запрат напредокот на спорната иранска нуклеарна програма.

- 12 јануари 2010 година: меѓународно признатиот нуклеарен физичар Масуд Али Мохамади, професор на Техеранскиот универзитет и вработен во Корпусот на Гардата на Исламската револуција, беше убиен во експлозија на мотоцикл бомба пред неговиот дом во главниот град.

Маж, обвинет дека бил најмен од Израел, за да го изврши атентатот, беше осуден на смрт во август 2011 година.

-29 ноември 2010 година: Маџид Шахриари, основачот на Иранското нуклеарно друштво и „одговорен за еден од големите проекти на Иранската организација за атомска енергија (ИОАЕ)", според претставник на иранските власти, беше убиен во Техеран во експлозија на бомба, ставена под неговиот автомобил со магнет.

Истиот ден, и нуклеарниот физичар Фереидун Абаси Давани стана цел на идентичен атентат, додека го паркирал својот автомобил пред универзитетот „Шахид Бехешти“ во иранската престолнина, каде предавале заедно со Шахриари. Ранетиот Давани потоа стана шеф на спорната иранска нуклеарна програма.

Иран за двата атентата ги обвини Израел и САД.

-23 јули 2011 година: научникот Дариуш Резаинеџад, вработен на проекти на Министерството за одбрана, беше застрелан од непознати напаѓачи на мотоцикл во Техеран. Иранските медиуми, кои првично жртвата ја претставија како експерт за нуклеарна физика, на крајот го опишаа како „студент по електроника“.

Иран ги обвини Израел и САД дека стојат зад овој напад.

На 1 август 2011 година, извор од израелското разузнавање, цитиран од онлајн изданието на германскиот неделник „Шпигел“, посочува дека ова убиство било организирано од Израел.

-11 јануари 2012 година: научникот Мустафа Ахмади Рошан, вработен во фабриката за збогатување ураниум во Натанц како заменик директор за трговски прашања, е убиен во експлозија на бомба, со магнет закачена на неговиот автомобил, во близина на универзитетот „Аламе Табатани“, во источен Техеран.

Иран, повторно, ги обвини САД и Израел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...