Резултатите од британската студија покажаа дека муслиманите даваат околу 567 долари годишно во хуманитарни цели, евреите 412, протестантите 308, а католиците 272 долари.

Резултатите од британската студија покажаа дека од сите религиозни групи, припадниците на исламската вероисповед најмногу учествуваат во хуманитарни акции за собирање на помош за сиромашните и загрозените категории кај населението, додека учеството на атеистите во такви акции е значително поретко.
Студијата е спроведена меѓу жителите на Велика Британија со различни верски определби и покажа дека муслиманите во просек подаруваат повеќе пари во хуманитарни цели од припадниците на другите религии.
Анкетата на британската агенција за истражување на јавното мислење ИЦМ покажа дека во просек секој трет муслиман, христијанин и евреин донирале пари во хуманитарни цели во текот на 2012 година.
Според таа студија, следбениците на исламската вероисповед во просек донирале 567 долари годишно, додека евреите се втори со просечна донација од 412 долари на годишно ниво. Според истражувањето спроведено на над 4.000 лица во Велика Британија, припадниците на христијанската вероисповед донирале многу помалку пари во добротворни цели.
Минатата година протестантите во просек донирале околу 308 долари, а католиците околу 272 долари.
Резултатот од истражувањето на агенцијата ИЦМ покажал дека атеистите лани во просек донирале најмалку пари, поточно 177 долари.
Испитаниците кои учествувале во наведеното истражување одговарале на прашања колку пари донирале во добротворни цели во текот на минатата година. Меѓутоа, во одговорот не било вклучено купување од добротворни продавници, како ни спонзорирање на одредени лица во хуманитарни цели.
Резултатите од наведеното истражување се во согласност со последните резултати од анкетата од институтот Пју спроведена над 38.000 муслимани во 39 земји кое покажа дека околу 77 отсто муслимани учествуваат во добротворни акции.
Исто така, статистичките податоци од порталот JustGiving.com покажуваат дека муслиманите се повеќе учествуваат во интернет акции за собирање на помош потребна и на најзагрозените категории во општествената заедница.
- Нашите податоци јасно покажуваат дека припадниците на муслиманската верска заедница се повеќе учествуваат во дигитално собирање на помош за сиромашните – рече директорот на порталот JustGiving.com , Зарина Карас.
Анадолија