Вашингтон, 16 март 2014 (МИА) - Малезиски авион од типот „Боинг 777“ што мистериозно исчезна пред една недела, можно е да е киднапиран и сокриен со цел подоцна да биде искористен како ракета за напад, изјави денеска претседателот на Комсијата за внатрешна безбедност на американскиот Претставнички дом, Мајкл Меккоул.
Во интервју за телевизијата „Фокс Њуз“, Меккоул нагласи дека засега не е сигурно дека ислезнувањето на авионот на „Малејжа Ерлајнс“ претставува терористички чин, но дека сепак постои вознемиреност оти леталото е приземјено и сокриено некаде, со цел подоцна да биде искористено како моќно разурнувачко оружје.
Тој посочи дека иако постојат две претпоставки за тоа каде се упатил авионот по прекинот на комуникациите со контролата на летање, малку е веројатно дека заминал кон Казахстан, бидејќи сигурно ќе бил „уловен“ на некој радар.
- Поверојатна е втората претпоставка дека слетал во земји како што е Индонезија, за потоа да може да биде искористен за напад како што напарвија терористите на 11 септември, смета Меккоул.

Според него, сосема е сигурно дека исчезнувањето на авионот „не е инцидент“. - Тое е планиран смислен чин. Треба да дознаеме кој стој зад него, потенцира конгресменот.
Малезискиот авион со 239 патници и членови на екипажот на летот Куала Лумпур - Пекинг исчезна на 8 март, откако по помалку од еден час по полетувањето го сменил правецот на движење и се упатил кон запад, по што му се губи секаква трага.