Deutsche Welle

Ни трага од малезискиот авион

Авионот Боинг 777 на „Малезија ерлајнс“ и натаму е исчезнат. Австралија и Кина не можат да најдат траги. Потрагата по авионот не е прекината.

Во Кина досега нема трага од исчезнатиот авион на „Малезија ерлајнс“. Нема укажувања дека авионот навлегол во кинескиот воздушен простор, изјави портпарол на Министерството за надворешни работи Хонг Леи во Пекинг. Потрагата меѓутоа не е прекината. „Постои голем ареал. Потрагата сѐ уште тече“, изјави Леи.

Боингот 777 на „Малезија ерлајнс“ изчезна пред 12 дена. Авионот со 239 патници и членови на екипажот полета од Куала Лумпур во правец на Пекинг. Полицијата води истрага и за саботажа, грабнување или тероризам. Истражните органи во меѓувреме претпоставуваат дека Боингот 777 по неговото исчезнување летал по една од двете рути: северниот коридор од Малезија во правец на северозапад, преку индиско-пакистанската гранична област, кон Казахстан или јужниот коридор Иднонезија и Австралија преку Индискиот Океан. Доколку авионот летал по северната рута тогаш би можело да стигнал до Кина.

Исто така и Австралија не најде траги од исчезнатиот Боинг 777. Бродовите во регионот исто така се вклучиле во потрагата и досега не пронашле сомнителен материјал, информираа властите за поморска безбедност.

Истражните органи демантираат медиумски извештаи

Американската станица НБЦ во меѓувреме информираше дека промената на курсот на авионот била внесена во компјутерот во авионот пред вербалното одјавување на пилотот. Телевизијата се повика на информации од истражните органи. Но, во таков случај промената на курсот би била регистрирана и од контролниот центар на земја. При ваквото сценарио би останало неразјаснето - зошто пилотот не споменал ништо и зошто контролниот центар до денес нема издадено никаква информација за тоа? Шефот на малезиското цивилно воздухопловство Азхарудин Абдул Рамен го демантираше извештајот на НБЦ. Меѓутоа, истражните органи минатата недела повеќепати демантираа медиумски извештаи кои подоцна беа потврдени.

Истовремено шефот на малезиската полиција Калид Абу Бакар соопшти дека на 3. февруари биле избришани податоци од приватниот симулатор за летови на пилотот на исчезнатиот авион. Апаратот и натаму се испитува и експертите се обидуваат да ги реконструираат избришаните податоци. Министерот за сообраќај на Малезија Хисхамудин Хусеин нагласи: „Сите членови на екипажот, вклучително и пилотот се невини, сѐ додека не се докаже спротивното“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...