Воочени можни остатоците од исчезнатиот малезиски авион

Куала Лумпур, 22 март 2014 (МИА) - Кинески сателит воочил голем пловечки објект во јужниот Индиски Океан, кој би можел да биде трупот на авионот на „Малезија ерлајнс“.

Сомнителниот предмет, регистриран од кинескиот сателит, плови на 120 километри од можните останки од исчезнатиот малезиски авион, за кои Австралија веќе соопшти.



Предметот се наоѓа во јужниот коридор, по кој најверојатно се движел изчезнатиот авион пред повеќе од две седмици. Предметот бил забележан на 18 март, два дена откако Австралија соопшти дека регистрирала преку сателит големи објекти, кои може да се остатоци од авион.

Авионот исчезна на летот од Куала Лумпур до Пекинг.

Малезискиот министер за одбрана Хишамудин Хусеин изјави денеска дека добил информации дека кинескиот сателит снимил објект со димензии 22 на 13 метри.

- Штотуку ја примив веста дека кинескиот амбасадор добил сателитска снимка на пловечкиот објект на јужниот коридор и Кинезите ќе испратат бродови тоа да го проверат, рече тој.

Засега нема други детали, а малезискиот министер очекува дека кинеските власти за неколку часа ќе објават дополнителни информации.

Авионот Боинг 777 на летот MH370, во кој се наоѓале 239 патници, изгубил контакт со контролата на летот еден час по полетувањето од Куала Лумпур на 8 март.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Волку, згрешивте со една буква.
Требаше да ме ИЗЕДИТЕ!!!
(трудна црвенкапа)
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1607.- Капетан Џон Смит со група војници...
1792.- Роден е италијанскиот свештеник Џовани...
1795.- Во Кабеларево е роден Павел Јозеф...
1809.- Трупите на францускиот цар Наполеон Први...