Првиот пациент со ебола во САД се наоѓа во критична состојба

Далас, 5 октомври 2014 (МИА) - Првиот пациент заразен со ебола во САД се наоѓа во критична состојба, откако дојде до драстично влошување на неговото здравје во последните 24 часа, соопшти болницата во Далас, каде тој се лекува.

Заболениот Томас Данкан, кој се заразил со вирусот на ебола во неговата родна Либерија, се лекува во Презвитеријанската болница во Далас во длабока изолација. Тој допатувал во САД за да ги посети своите роднини, но по пристигнувањето од Либерија болеста се развила и тој морал итно да се префрли во болницата, предизвикувајќи страв дека тој во текот на престојот во овој американски град можеби предизвикал проширување на заразата.

Здравствените власти претходно соопштија дека станот каде Данкан престојувал е целосно деконтаминиран во постапка која се означува како „ризична“ поради материјалите кои се употребени. Четири други лица, кои престојувале во истата куќа како и заболениот Данкан се префрлени на друга локација.

Околу 3.400 лица досега починаа како последица на вирусот на ебола.

Најтешко се погодени земјите во Западна Африка, а пред се Сиера Леоне, Гвинеја и Либерија.

Експретите веруваат дека дури 7.500 лица се заразени со вирусот, иако се стравува дека таа бројка е многу поголема.

Тројца американски хуманитарни активисти, како и еден фоторепортер, се заболени од ебола.

САД најавија дека би можеле да испратат четири илјади војници во реонот на Западна Африка за да им помогнат на властите да се справат со епидемијата на смртоносниот вирус да не се прошири низ целиот свет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...