САД и Јужна Кореја го одложија предавањето на воената контрола врз јужнокорејската армија

Вашингтон, 24 октомври 2014 (МИА) - САД и Јужна Кореја се договорија да се зачува американското воено раководење со јужнокорејската армија во случај на напад од Северна Кореја, соопшти ТАСС.

На овој начин Вашингтон го одложи за во иднина привременото предавање на раководењето со јужнокорејската армија, што првично беше планирано за 2015 година.

За спогодбата информира американскиот министер за одбрана Чак Хејгл на заедничкиот брифинг во Пентагон со јужнокорејскиот министер за одбрана Хан Мин-гу.

Спогодбата се договараше повеќе од една година и се склучува на барање на Сеул. Сега нема краен рок за префрлање на раководењето. Тоа ќе зависи од напредокот на јужнокорејската армија и ситуацијата во регионот.

САД имаат свои сили во Јужна Кореја од Корејската војна, која заврши со примирје во 1953 година. Во 1994 годин Јужна Кореја ја презеде мирновременската контрола врз својата армија, но САД и натаму се одговорни за военото раководење со нејзините воружени сили.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...